ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Пиксел Груп“: Под секое ниво е да нè злоупотребуваат во дневни полички препукувања со лаги и класични манипулации

October 3, 2022 09:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти вечерва компанијата „Пиксел Груп“.

Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура, посочуваат од „Пиксел Груп“, реагирајќи на  прес-конференцијатa на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

„Пиксел груп, фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра, изјави Лефков.

Во соопштението на „Пиксел груп“ се посочува дека уште пред назначувањето на премиерот Ковачевски за заменик министер за финансии, истапил од сопственичката структура на компанијата, бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман.

Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг, се наведува во соопштението.

Од „Пиксел груп“ посочуваат дека компанија на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди.

Целта на „Пиксел груп“ е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на животната средина и да овозможи одржливо ,ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија,произведена од сончевата светлина. Ние работиме на слободен пазар, како приватни компании, по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користиме никакви специјални услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон, додаваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се додава и дека компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ е основана во 2007 година и е пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност.

Сите први проекти во областа на фотоволтаичната технологија и енергетска ефикасност се поврзани со оваа компанија и тоа во период кога политичката елита што држи пресови за нас, беше на власт. Во моментов вработува повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година 1 291 668 742 денари или околу 21 002 744 евра. За тој период ,компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23 284 533 денари, наведуваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се нагласува дека „како резултат на доброто работење и визијата“ на „КМГ ЕОЛ Квазар“, се родила идејата за основање на „Пиксел груп“, како прва фабрика во земјава за производство на фотоволтаични панели според светски стандарди.

За 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80 мегавати, кои што освен на домашниот пазар, успешно ги пласираме и во регионот (Србија, Косово, Албанија, Турција…) и во држави на Европската Унија, како Романија, Хрватска, Полска, Бугарија и други, посочуваат од „Пиксел груп“.

Компанијата додава дека во неа во моментов работат околу 30 вработени на кои што редовно им се исплаќаат плати и придонеси и „се горди и задоволни што работат во високо технолошка и модерна компанија“.

Компаниите се општествено одговорни компании, кои што давале и во иднина ќе даваат помош и спонзорства за развојот на спортот и културно-едукативните настани. Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, а во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании.

Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава, се наведува во соопштението.

Next Post

Заев: Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата на изборите

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk