Поранешниот премиер Зоран Заев, во објава на Фејсбук, му ја честита победата на Бојко Борисов, на парламентарните избори во Бугарија.
„Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори. Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, пишува Заев.
Според нецелосните резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите, додека на новооснованата партија Продолжуваме со промени на во јуни соборениот либерален премиер Кирил Петков, доверба ѝ дале околу 20 насто од избирачите.