ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиуми, објективност и мелено месо

Или: Како медиумите ја киднапираа јавноста, а „аналитичарите“ го оправдаа злосторството?

October 4, 2022 10:25
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Медиумите ја киднапираа реалноста. Ништо не се случува надвор од нив. Кој ќе го придобие вниманието на публиката, тој е најдобрата стока на политичкиот пазар. Вредности? Што е тоа?

Времето, поплавата, спасувачките екипи и Господ

Личноста „А“ вели дека надвор врне, а личноста „Б“ вели дека е сончево. Работата на новинарките и новинарите не се состои само во тоа – да ги пренесат (речиси механички) нивните тврдења – туку да појдат до прозорецот, да видат што се случува и да известат дали врне или е сончево. Ова е често повторувана анегдота илустрира што е новинарството. Колку и да е добра, оваа илустрација е, сепак, премногу едноставна и, би рекол, апсолутно застарена. Кога навистина би било така, сѐ би било многу поедноставно.

Всушност… Надвор има силно невреме. Поплавата носи мртви тела од луѓе кои не ги послушале спасувачките екипи. Биле убедени дека „Господ ќе ги спаси“, а не хеликоптерите и чамците што ги пратиле властите. Властите се „дел од западниот сатанистички заговор“ против семејните вредности и не треба да им се верува на нивните „корумпирани спасувачки екипи“. Ќе го чекаат Господ.

Хуманизирање на злосторниците

Некои аналитичари одлично забележуваат дека во медиумите владее лажен баланс. „Пет минути за Евреите и пет минути за Хитлер“ е бравурозна досетка со која се илустрира лажниот баланс во медиумите.

Да направиме еден чекор понатаму. Не само што се воспоставува лажен баланс меѓу жртвите и злосторниците, туку злосторниците се хуманизираат и оправдуваат, а жртвите со време стануваат виновници за тоа што им се случило.

Злосторниците, во најдобар случај, добиваат „благ прекор“ од креаторите на јавното мнение кои потоа дури и ги охрабруваат злосторниците да продолжат со нивната „добра работа“ во иднина, но да го „коригираат“ своето однесување кон жртвите, но секако да останат брутални во спроведувањето на политиките, бидејќи се „праведни“.

Човечки е да се греши, а уште повеќе да се прости, нели?

А жртвите? Најдобро е кога би ги снемало, бидејќи се плачливи и ја заморуваат публиката со своите бескрајни жалби од трагедијата што им ја предизвикал злосторникот. Тоа ја депримира и одбива публиката, не е добро за видливоста на медиумите.

Накратко, злосторниците се хуманизираат, а жртвите се дехуманизираат и стануваат виновници.

Сенки и нијанси

Безвредни, бесмислени и неупотребливи се сите тие силни „анализи“ на медиумите за нивната „објективност“ и „професионалност“. Ништо не значат процентите од мерењата на тоа колку се присутни партиите на власта и опозицијата во медиумите. Како само тие да постојат.

Не навлегуваат во нијансите, а уште помалку во длабоките сенки во кои се кријат медиумските манипулации.

Во тие нијанси и сенки оперираат пропагандните центри од кои се управува со емоциите на луѓето и се замаглуваат или убиваат фактите на реалноста. Со максимална помош на „експертите“ и „аналитичарите“ од граѓанскиот сектор и академијата.

Секојдневен пример за тоа се насловите во медиумите. И најдобриот новинарски прилог може да се упропасти со наслов во кој се искривува суштината на настаните и процесите за кои се известува. А публиката најчесто и не оди подалеку од насловот. И замислете, ова е мал пример во споредба со тоа што навистина се случува.

Кој профитира?

Кој профитира од „објективноста“ на медиумите? Се разбира медиумските газди и оние што ги уживаат плодовите на таа „објективност“ на медиумите – политичките моќници и олигарсите. Да не се залажуваме, новинарските екипи и опинион мејкерите се обични „аргати“ во таа заплеткана игра на влијанија и пропаганда. Да не зборуваме за тоа колку и тие самите се неинформирани и полни со длабоко всадени предрасуди.

Скриената агенда на „објективните“ медиуми може да се опсервира на многу начини, но за пошироката публика таа е помалку видлива или целосно невидлива.

Луѓето (публиката) веќе не можат да сфатат што навистина се случува. Веќе одамна се до таа мера онеписменети што не можат да „прочитаат“ како медиумите им кажуваат кои се проблемите, а потоа ги навигираат нивните постапки кон „решенијата“. Всушност, ги „продаваат“ како мелено месо за плескавиците на трпезата на моќниците кои со дебел, црн фломастер го пречкртале јавниот интерес од својата листа.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Мобилизација во регионот Волгоград во Русија. Фото: REUTERS/Stringer

Политико: Русија нема поставен систем за континуитет на нејзиното општество за време на војна

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

October 15, 2025

Руте: Поддршката за Украина е притисок врз Путин и зајакнување на нашата безбедност

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk