Фејсбук страницата „Вкуси го животот“, објави видео од Мастер класот со готвачот Зоран Андонов, кој се одржа во рамките на Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан. Андонов е еден од нашите најдобри готвачи кој работел во врвни светски ресторани.
„Низ својата кариера Зоран Андонов учествувал на бројни натпревари, се здобил со големи признанија, а пак во 2018 година добива сертификат и за Молекуларна кујна. Неговиот Мастер клас се одржа во рамките на Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан кој годинава се одржа во Белград“, се наведува во објавата.