ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Роденденска честитка за злосторникот, повторување на историјата

Мостот на Путин ја доживеа истата судбина како и оние на Хитлер и Сталин. Треба тоа да се запомни.   

October 8, 2022 11:59
in ESPRESSO, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кримскиот мост беше симбол на Путинова мегаломанија и неговата злосторничка доктрина за присвојување на Украина и бришење на украинската нација. Тој нареди изградба на овој мост веднаш по окупацијата на Крим во 2014 година, по што го прогласи големиот украински полуостров за руска територија. За да го зацврсти руското владеење со овој дел од украинската територија, тој го поврза рускиот регион Краснодар Крим со мост долг 19 километри на кој има автопат и железничка пруга.

Мостот на Путин е логистичка артерија за снабдување на окупираните територии директно од руско тло. Истовремено, тој мост ја симболизира неговата цврста решеност да ја освои Украина, да ја збрише украинската нација и историја и да ги прогласи за руски.

Путин со изградба на овој мост упати скапа порака, платена со парите украдени од луѓето што ги владее со железна ракавица, дека тој има намера да остане на Крим, стратешки важен полуостров за Европа, но и за светот, бидејќи голем дел од светот се снабдува со храна. Путиновиот мост е порака и до Европа и светот дека тоа што наумил и ќе го направи, по секоја цена. Долг 19 километри, тоа е најдолгиот мост во Европа, за чија целосна изградба беа потребни речиси пет години, целосно е пуштен во употреба за автосообраќај во 2018, а за железнички сообраќај во 2019 година.

Неполни три години подоцна, еден ден по неговиот седумдесетти роденден, Путин доби „роденденска честитка“ од воените воздухопловни сили на Украина – неговиот мост пламна и дел од него се урна во морето.

Дури ни руските медиуми под строгата контрола на Кремљ не можеа да ја прикријат катастрофата на мостот. Јавија дека се запалиле цистерни со гориво. Но руските медиуми кажа само дел од вистината, што е голем напредок, бидејќи за нив е вообичаено целосно да ги прикриваат фактите. А факт е дека воената авијација на храбрата Украина го погодија мостот. Тоа го најавија уште кон средината на август.

Мостот до Крим не е идеја на Путин. Согледувајќи го стратешкото значење на таа врска, и Хитлер сакаше да воспостави врска меѓу Крим и Краснодар. Неговата инженерија тоа и го стори, а неговите архитекти веќе подготвуваа проект за изградба и на мост. На почетокот на Втората светска војна, беше изградена жичарница над морскиот теснец. Завршена во јуни 1943 година, жичарницата имаше дневен капацитет од 1.000 тони.

Истата година, во април, 1943 година, Хитлеровите инженери започнаа и со изградба на мост за комбиниран патен и железнички сообраќај. Изградбата се одвиваше со забрзано темпо, но откако настана пресвртница во војната, при повлекувањето, германските трупи ги кренаа во воздух завршените делови од мостот и ја уништија жичарата.

По Втората светска војна, во 1944 година, и Сталин сакаше да го обнови мостот што го започна Хитлер. Прво изгради привремен железнички мост, но конструкцијата страдаше од голем број грешки и веќе во 1945 година беше уништена.

Историјата се повторува. Мостот на Путин ја доживеа истата судбина како и оние на Хитлер и Сталин. Треба тоа да се запомни.

Точно е дека мостовите служат за поврзување меѓу луѓето. Но мостовите на Хитлер, Сталин и Путин симболизираат агресија и хегемонија.

Во хаосот во кој се наоѓа рускиот деспот, воениот злосторник Путин, тешко дека ќе може да ја поправи штетата што му ја направија украинските борци за слобода. Освен што е воено стратешки пораз, падот на мостот е и политички и морален пораз за Путин и неговата злосторничка машинерија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk