ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скринингот продолжи со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки

October 10, 2022 13:49
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Скрининг средбите на Северна Македонија со Европската Унија во Брисел денеска продолжија со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки од Кластер 2 – Внатрешен пазар, соопшти СЕП.

Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на слободното движење на стоки претставуваат основа на економскиот развој.

Заменик главниот преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили истакна дека слободното движење на стоки е од особено значење, од самиот факт што 75% од севкупната трговија во ЕУ ја сочинуваат стоките, и тоа генерира над 20% од домашниот бруто производ на Европската Унија. Северна Македонија успеа да го усогласи најголемиот дел од законодавството за ова поглавје, а институциите носители на овој процес имаат статус на независни правни тела, посочи Абдиу-Халили.

Докажано е дека 1,7% од економскиот раст на домашниот бруто производ на земјите членки на годишно ниво се однесува на трговијата со стоки на единствениот пазар на ЕУ. Единствениот пазар на ЕУ им помага на земјите -членки да градат развиени и одржливи економии.

 Што се однесува на единствениот пазар на ЕУ и слободното движење на стоки, законодавството на ЕУ првично беше фокусирано на отстранување на трговските бариери, но денес единствениот пазар на Европската унија адресира и други стратешки цели, како што се еколошките стандарди и човековите права.

Законодавната рамка поврзана со слободното движење на стоки постојано се унапредува и е особено важна, но уште поважна е институционалната структура која треба да ја спроведува, се наведува во соопштението од СЕП.

Next Post

Ковачевски: Таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат

НАЈНОВО

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

Oдбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk