ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Локвенец во ЕП: Ќе изградиме европски континентален Босфор

October 11, 2022 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец денеска се обрати пред Европскиот Парламент, каде ги презентираше проектите за изградба на клучни коридори во државата.

Во контекст на енергетска и климатска криза, Локвенец ги потсети европратениците дека целта за декарбонизација на економиите во Европа во 2050 треба да значи фокус врз железничкиот транспорт.

Единственото превозно средство кое може да ја оствари оваа цел е железничкиот превоз, затоа што е најбрз, најевтин, најкраток начин на конектирање и истовремено се грижи за животната средина, изјави Локвенец.

На сослушувањето во Европскиот Парламент, каде од учесниците само македонската делегација беше од земја која не е членка на ЕУ, Локвенец порача дека оваа цел ќе се оствари преку изградба на железничкиот Коридор 8, од Албанија преку Северна Македонија до Бугарија.

Планот тоа да се оствари е со поврзување на јадранското пристаниште во Драч преку Скопје до Црното море во Бугарија, Бургас и Варна. На овој начин, рече Локвенец, се поврзуваат Медитеранот и Црното море.

Ова ни овозможува да кажеме дека го градиме европскиот континентален Босфор, рече тој, додавајќи дека на овој начин се поврзуваат три земји членки на НАТО.

Планот за Коридорот 8, додаде Локвенец, ќе заокружи „важна европска иницијатива“, којашто ги вклучува и балтичките земји и со тоа три мориња: Црното, Јадранското и Балтичкото.

Дванаесет земји од оваа иницијатива преку македонската и албанската железница ќе го заокружат железничкото поврзување на Балтичкото, Црното и Јадранското море, рече Локвенец во Европскиот Парламент.

Во однос на источниот дел од Коридорот 8, тендерските процедури се комплетирани, а во тек се процедурите за третата делница меѓу Крива Паланка и бугарската граница. Овој тендер треба да се отвори најдоцна во првата четвртина од идната година.

За овој договор можам да кажам дека е најголем предизвик бидејќи од 24 километри има 24 тунели и 51 мост. За овој проект со проценета вредност од 400 милиони евра од 2017 година, добивме ИПА грантови од 61 милион евра и грант од 155 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан, рече Локвенец.

Ова значи дека над 50 отсто од фондовите доаѓаат од ЕУ, за штоЛоквенец се заблагодари во име на граѓаните на Северна Македонија и истакна дека ова овозможува блиска соработка и со бугарските колеги преку месечни средби за да се оствари целта за железничко поврзување до 2027 година. На крајот од овој месец ќе се започне со работа на овие проекти во Бељаковце и надежта е дека во рок од 36 месеци ќе се изгради нова пруга од 65 километри за првите две секции.

Во однос на западната делница од Коридорот 8 поднесена е апликација за техничка асистенција за да се актуелизира делот Кичево-Струга, а се работи и на делницата Струга-албанска граница. За сево ова во тек се подготовки за тендерските процедури и контакти со сите засегнати страни.

Нашите проекции велат дека до крајот на оваа декада ќе ја заокружиме изградбата на Коридорот 8 на македонска почва, затоа ве замолуваме да ги поддржите нашите стратегии и планови и да го вклучите западниот дел во централната ТЕН-Т мрежа, рече Локвенец.

Шефот на македонски железници им порача на колегите во ЕУ дека земјите во Европа, дали се членки или кандидати, заедно претставуваат „голем железнички мозаик“ и сите треба да бидат третирани еднакво.

Преку овие активности покажуваме дека не сме само географски дел од Европа, туку дека имаме капацитет и волја да стоиме рамо до рамо со нашите европски пријатели преку учество во спроведувањето на европските стратегии, нагласи Локвенец во својот говор пред Европскиот Парламент во Брисел. 

Next Post

Советот на Европа: Време е да се направи проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, и тоа да се сфати сериозно

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk