ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот на Европа: Време е да се направи проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, и тоа да се сфати сериозно

October 11, 2022 15:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во своите препораки и резолуцијата усвоена по расправата за поддршката на европските интеграции на земјите од Западен Балкан, повика да се даде нов поттик на процесот на проширување на Европската унија. Истовремено, го повика Западен Балкан решително и без одлагање да се справи со отворените предизвици, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европската визија го губи сјајот и на нејзино место повторно се појави национализмот, а сè повеќе луѓе од Западен Балкан, посебно помлади, веруваат дека никогаш нема да се приклучат на Европската унија, стои во заклучоците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Многу пратеници од 46-те земји членки на Советот на Европа, а ги имаше 60 кои сакаа да земат збор, го нагласија тоа на денешната дебата во Стразбур за европската перспектива на Западен Балкан. Во таа насока најконкретна беше пратеничката и поранешна грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани, која предупреди дека ЕУ им отстапува простор на Кина, Русија и Иран.

Времето за Западен Балкан истекува. Тука е Кина, тука е Русија, тука е Иран. ЕУ мора да работи веднаш, кажа Бакојани.

Известувач за Западен Балкан е поранешниот грчки премиер Јорго Папандреу, сега член на ПССЕ, кој го изготви извештајот во името на Комисијата за политички прашања и демократија на Советот на Европа.

Во заклучоците на документот се вели дека „истражувањата на јавното мислење покажуваат дека сè поголем број луѓе, посебно помлади, мислат дека европската перспектива никогаш нема да се материјализира. Европската визија го губи сјајот и на нејзино место повторно се појави национализмот“.

Додека европските изгледи слабеат, сè повеќе се забележува нова геополитизација на регионот со трети страни кои се борат за влијание и продлабочување на постоечките пукнатини, изјави Папандреу појаснуваќи дека „овој тренд може да стане уште посилен бидејќи Западниот Балкан, посебно по последиците од војната во Украина, ризикува да стане простор за геополитички антагонизам кој што може да извезе нестабилност во ЕУ“.

Пратеникот на СДСМ и претседател на делегацијата на Собраниска на Република Северна Македонија,  Дарко Каевски, на дебатата кажа „горди сме што ЕУ нè гледа како вистински партнер и сме горди на отворањето преговори.

Република Северна Македонија е посилна земја од 19 јули 2022, кога беше почетокот на пристапните преговори, рече Каевски.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Арта Биљали Зендели од ДУИ, не дојдоа на ред да говорат и според правилата на Собранието ги приложија говорите. Николоски, во изјава за македонските медиуми рече дека во говорот ја критикува Бугарија, како и пристапниот процес на ЕУ.

Арта Биљали Зендели за МИА изјави дека во дебатата и во тоа што се зборува во европските институции, а тоа е нагласено и во извештајот на Папандреу, Договорот со Бугарија се смета за нешто конечно и сега ни останува само да го спроведуваме.  

На дебатата за Западен Балкан немаше пратеници од Бугарија бидејќи новото бугарско Собрание се уште не е конституирано по парламентарните избори што се одржаа на почетокот на месецов. 

Според паневропската асамблеја “време е Европската унија да го забрза процесот на проширување со повторно започнување на преговорите со Србија и Црна Гора, нивно воспоставување со Албанија и Северна Македонија, доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина и со визна либерализација за Косово. Фокусот на овој регион не може да се остави настрана, дури и ако треба да се поддржат европските аспирации. Оттогаш се појавија аспирации од други земји, како Украина, Грузија и Република Молдавија“.

Советот на Европа, се смета, може да одигра важна улога во овој процес, бидејќи ревидираната методологија за проширување нагласува области каде што има јасна експертиза и консолидирани алатки: демократија, владеење на правото и човекови права. За таа цел, се посочува, тоа треба да ги удвои своите напори за да им помогне на земјите-членки кои сакаат да се приклучат на Европската унија и Косово да направат опиплив и мерлив напредок кон исполнување на потребните критериуми.

ПССЕ се надева дека со оваа расправа може да даде голем придонес со повторно разгорување на надежта за европска перспектива за Западен Балкан и притисок за реформи и добрососедски односи во регионот, особено преку обезбедување дополнителна платформа за парламентарниот дијалог. Како што кажа претседателот на Комисијата за политички прашања на ПССЕ Золтан Немет – „време е да се направи тоа проширување, и кога ние ќе го сватиме сериозно проширувањето и да не го оставаме во сенка на војната во Украина.“

ПССЕ со мнозинство од145 гласови „за“ , два против и четири воздржани ја усвои препораката, а резолуцијата со 143 гласа „за“, три против и осум воздржани. 

Next Post

Претседатели на 11 земји ја предупредуваат Русија дека воените злосторства не подлежат на рок на застареност

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk