Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја продолжува посетата на Прага, Република Чашка каде што присуствува на неформалниот состанок на Советот за енергетика на Европската унија организиран од Чешкото претседателство со Советот на ЕУ.
На неформалниот министерски состанок, како што соопшти Министерството за економија, покрај земјите членки на ЕУ, присуствуваат и земјите од Западен Балкан. Ќе се разгледува патоказот за понатамошните активности за справување со високите цени на енергијата и за обезбедување на природниот гас по достапни цени за потрошувачите во Европа.
Тема на разговор на состанокот ќе бидат и потенцијалните насоки за реформирање на пазарот на електрична енергија.