ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европската Комисија ќе го објави Извештајот за Северна Македонија

October 12, 2022 09:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија денеска ќе го усвои пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан со посебен извештај за напредокот на секоја од државите во процесот на евроинтеграции, вклучително и за Северна Македонија, пренесува МИА.

Ова е прв Извештај на ЕК за земјава откако на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство.

Во Нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави денеска, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид, оценето е дека Северна Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.

Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои меѓу другото во извештајот.

Се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во справување со случаите на непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори, стои во извештајот.

Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.
Во извештајот е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ минатата недела изјави дека од новиот извештај на ЕК не се очекуваат некои изненадувања. Истакна дека тие извештаи секогаш ги гледаме како објективна оценка на работите и генерално се очекува позитивен извештај на ЕК.

Имаме силен аргумент и во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи оваа година првпат имаме 100-процентно усогласување со сите пакети на санкции на ЕУ и со сите одлуки донесени во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, рече Маричиќ на брифингот одржан заедно со поранешниот хрватски преговарач со ЕУ, Владимир Дробњак.

Во тек е објаснувачкиот скриниг, а на 7 ноември треба да почне и билатералниот скрининг со ЕУ. Маричиќ смета дека билатералниот скрининг ќе ни донесе и поинтензивна динамика и поголем ангажман, но исто така е договорена и динамика за изготвување на оние три клучни патокази, што се во Преговарачката рамка.

Начелно е договорено до крајот на март ние да ги изработиме трите клучни инструменти за реформи, што се инструменти и за пристапување и од кои два се формален услов, а еден е неформален, меѓутоа важен елемент за отворање на кластерот Темели. Кога ќе го завршиме скринингот треба да ги имаме одобрено овие патокази од Советот, како услов за отворање на кластерот. Тоа се трите патокази – едниот е за владеење на правото, вториот е за реформи во јавната администрација, тие два се задолжителни, а третиот е за функционирање на демократските институции. Тој формално не е услов, меѓутоа е важен да го имаме. Наша цел е до крајот на првиот квартал наредната година да ги имаме сите патокази што ќе ги предадеме на ЕК, која потоа ќе ги проследи до Советот, рече Маричиќ.

Тој оцени дека на крајот од скрининг процесот во ноември 2023, се очекува да ги имаме инструментите што се предуслов за почеток на преговорите – тоа се скрининг извештаите. Тоа значи дека сите барања, задачи што ќе ги утврдиме во текот на билатералниот скрининг ќе бидат ставени во еден скрининг извештај за целиот кластер.

На средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и евроамбасадорот Дејвид Гир одржана на почетокот од минатата недела, беше оценето дека скрининг процесот со ЕУ се одвива добро. Како што соопштија од владината прес-служба, била изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Отворањето на поглавјата во пристапниот процес ќе следи откако Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на земјата што како услов го постави Софија за да дозволи старт на преговорите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

June 3, 2025

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025

Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk