ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Никој ниту ги намалува платите на вработените, ниту нивните права

October 13, 2022 18:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работниците и синдикатите да бидат мирни, никој ниту ги намалува платите на вработените, ниту нивните права, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги реакциите од синдикатите по Планот за фискална консолидација што го усвои Владата за намалување на трошоците во буџетските институции, пренесе МИА.

Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост којшто содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните. Планот е документ којшто содржи мерки и препораки за рационализација на расходите и подобрување на приходите во прилог за одржување на макроекономската стабилност, која што е многу важна во услови на ваква криза и како дел од борбата на Владата против ефектите од енергетската и ценовната криза, рече Ковачевски, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која беше претставен новиот модел за субвенции во земјоделството.

Тој соопшти дека е донесена одлука да бидат ревидирани менаџерските договори во голем број институции под ингеренции на Владата, а Комисијата за економски систем е задолжена да ја дефинира новата форма.

Ковачевски прецизираше дека консолидацијата на расходите во државните институции, вклучително и на јавните претпријатија и трговските друштва преку консолидација на трошоците за плати не значи намалување на платите.

Тоа значи рационализација и оптимизација на вработените коишто секој ден се на работа во јавниот сектор врз основа на функционална анализа, бидејќи секој раководител, секој директор во секоја институција треба да поседува знаење за да може да управува со ресурсите коишто му се доделени. Тие мора да воспостават системи во зависност од природата на работат и да воспостават работа од дома. Да воспостават 30 проценти на пример од вработените да бидат на таква ротација. Треба да воведат ротирање на вработените и притоа кога ќе го направат тоа, ќе се намалат трошоците за електрична енергија, за греење, оперативни трошоци. Со тоа се намалуваат трошоците поврзани со вработените, рече Ковачевски.

Тој посочи дека треба да се делува и во усогласување на платите затоа што постојат, како што рече, институции каде директорите и членовите на управните одбори добиваат несразмерно повисоки плати споредено со обврските што ги имаат на пример претседателот на државата или министрите.

Раководителите на институциите, на јавните претпријатија, на трговските друштва во државна сопственост, да го прават тоа што го прави и приватниот систем, да воведат менаџмент систем со ротација на вработени, да се намалат или да имаат поголема контрола во делот на исплатата на прекувремени саати, кои може да се менаџираат и со годишни одмори кога и како ги добиваат вработените. Постојат повеќе алатки, инструменти и практики коишто менаџерите во овие институции можат да ги користат, но тоа не значи дека некој ќе дојде кај некого и да го намали договорот за работа и да добиваат помала плата. Целта е сите да добиваат поголема плата, но да се зголеми ефикасноста, како во делот на договорни услуги, дали на пример, вие имате редовно вработени и имате вработени под договор, посочи Ковачевски, истакнувајќи дека намалувањето на трошоците за плати не значи и намалување на платите на вработените.

Како што нагласи премиерот, Планот на Владата е за намалување на трошоците секаде каде што е можно и за зголемување на приходите, бидејќи секогаш има и приходна страна, дали институциите ефикасно ги наплаќаат своите приходи, дали ги реализираат ефикасно и брзо фактурите. Тој најави дека ќе побара на седница на Владата информација колку камати се плаќаат за задоцнети фактури. Се тоа се работи, вели Ковачевски, што мора на дневно ниво да ги прави еден раководител, а ако не може да го прави тоа тогаш тој не е за раководител.

Прашан дали би предложил намалување или донирање на неговата или платата на министрите, Ковачевски рече дека тоа се приватни работи на секој министер, додавајќи дека тој имал такви активности во животот, но никогаш не ги правел тоа со реклама.

Платата може да се донира, секој може солидарно да донира и да прави активности со кои може да помогне, рече Ковачевски, потенцирајќи дека тој лично не верува во луѓе кои „работат без плата“.

Next Post

Падна бугарското вето на Фронтекс, Советот на министрите на ЕУ го усвои Договорт со Северна Македонија

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk