ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Падна бугарското вето на Фронтекс, Советот на министрите на ЕУ го усвои Договорт со Северна Македонија

Во Северна Македонија мисијата на Фронтекс ја извршуваше Чешка со оглед на блокадата од Бугарија поради тоа што официјално Скопје бараше договорт да биде склучен на македонски јазик на што Софија се спротистави. По надминувањето на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија оваа пречка беше отстранета.

October 13, 2022 19:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот  на ЕУ за внатрешни работи денеска донесе одлука за потпишување договор за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија, соопшти Советот на министрите на ЕУ.

ЕУ и Западен Балкан споделуваат заеднички миграциски предизвици и единствениот начин за нивно решавање е преку заедничка акција. Договорот со Северна Македонија е важен чекор за оваа блиска соработка. Тоа ќе му овозможи на Фронтекс да обезбеди конкретна поддршка на теренот, во корист и на Северна Македонија и на земјите од ЕУ, изјави чешкиот минситер за  внатрешни работи, Вик Ракушан.

Откако ќе стапи на сила овој договор, Фронтекс ќе може да и помогне на Северна Македонија во нејзините напори за управување со миграциските текови, спротивставување на илегалната имиграција и справување со прекуграничниот криминал. Договорот ќе овозможи да се организираат заеднички операции и да се распоредат тимови за управување со границите на Фронтекс во Северна Македонија, што е предмет на овој договор.

Зајакнувањето на контролите долж границите на Северна Македонија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ, соопшто чешкото претседателство на ЕУ.

Следни чекори

Европската комисија, Претседателството на Советот и Северна Македонија се очекува да го потпишат договорот на 20 октомври. Европскиот парламент ќе биде повикан да го одобри овој договор што е можно поскоро. По консултацијата во ЕП договорот потпишан на македонски јазик и официјалните јазици на ЕУ заминува на ратификација во парлементите на земјите членки. Во Брисел нема сомнежи дека договорот ќе биде ратификуван и во бугарскиот парламент.

Првиот договор за соработка во управувањето со границите беше склучен со Албанија во 2019 година. По ова, Фронтекс ја започна првата заедничка операција на територијата на соседна земја која не е членка на ЕУ,  во Албанија на 22 мај 2019 година. Потоа ЕУ вакви договори склучи  со Црна Гора и Србија во мај 2020 година. Сличен договор се преговара со Босна и Херцеговина. Во Северна Македонија мисијата на Фронтекс ја извршуваше Чешка со оглед на блокадата од Бугарија поради тоа што официјално Скопје бараше договорт да биде склучен на македонски јазик на што Софија се спротистави. По надминувањето на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија оваа пречка беше отстранета.

Борјан Јовановски / НоваТВ

Next Post

Македонскиот јазик недопрен, Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk