ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата функционира со стабилно мнозинство, тврди премиерот Ковачевски

October 15, 2022 13:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во моментов функционира со стабилно мнозинство и на тоа сите сме сведоци, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека во државата има два концепта, едниот е за европска Северна Македонија, а другиот против пристапувањето на државата во Европската Унија.

Едниот концепт е за европска Северна Македонија, држава која што преговара со ЕУ, држава која што сака да ги исполни своите обврски преземени со ЕУ, а притоа да се задржат и македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ и сите културни и карактеристики на македонскиот народ во секоја смисла, истакна Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Другиот концепт, според премиерот, е против пристапувањето на државата во Европската Унија.

Тој друг концепт го гледавме 11 години во државата каде што ако ги споредиме тогашните извештаи на ЕУ за земјава, ќе видиме дека тогаш бевме окарактеризирани како заробена држава во која што нема владеење на правото, на демократијата итн., додаде Ковачевски.

Според него, ако го погледнеме Извештајот на ЕК, што беше презентиран пред само неколку дена, тогаш ќе видиме прво напредок во сите области во државата – во некои повеќе, во некои помалку, меѓутоа напредок во сите области и првпат во историјата на овие извештаи Владата е подобро оценета од опозицијата.

Премиерот потсети дека во неговото обраќање на последната седница за пратенички прашања во Парламентот ги повикал сите пратеници и политички партии коишто се за концептот за европска Северна Македонија, за концептот за држава која што е членка на ЕУ до 2030 година, дека вратите за соработка на оваа Влада се отворени без исклучок на нивната политичка припадност.

Пред нас има одлуки коишто треба да ги носиме. Тие одлуки мора да се носат со широк консензус во државата како што се носени и сите претходно и сите оние коишто сакаат да бидат дел од просперитетна, напредна и држава со визија во која што младите ќе знаат дека за 10 години од сега или за осум години од сега ќе станеме земја членка на ЕУ својата иднина да ја гледаат тука, а не да ја гледаат во земјите членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Во државата, како што посочи премиерот, има политичари коишто заради својот личен и политички интерес не сакаат да дозволат, односно блокираат на секој начин државата да биде дел од ЕУ.

Доколку во опозицијата има политички партии коишто сакаат да бидат дел од овој процес сите се добредојдени заедно низ Парламентот, низ дискусија, низ телата на Парламентот ова да го направиме што побрзо за добробит на идните генерации. Затоа зашто одлуките коишто јас ги носам не ги носам заради мојата политичка кариера. Ги носам заради иднината на сегашните и на идните генерации, на овие млади коишто треба да имаат и поголеми плати и подобри работни места и да живеат во држава во која што владее демократија, во која што нема криминал и корупција, во која што владее правото, во која што има социјална правда и во која секој може да го каже своето мислење без разлика на неговата припадност по било која основа, нагласи Ковачевски.

Next Post

Кина го задржува правото да употреби сила против Тајван

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk