ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама: Подготвени за лансирање сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“

October 16, 2022 16:48
in TECH FRONT, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање на двата сателита што ќе бидат испратени во вселената. 

Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД.

„Албанија ќе има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови и така натаму. Дигитална револуција. Албанија нашата иднина. Нема време за одмор“, напиша Рама. 

Заедно со Илон Маск, се очекува премиерот во декември да го притисне копчето за лансирање на првите два сателита со албанско знаме. 

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана,  на крајот на минатиот месец потпишаа договор за сателитска услуга,  во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија. 

Главен инспекторат на небо што ќе има очи на целата територија на државата, кој нема да има ниту партија, ниту братучеди, ниту привилегии. Со сателитите веќе нема да може да се гради без дозвола, бидејќи сателитите ќе можат да го видат секој волумен подигнат на површината на земјата, рече меѓу другото премиерот Еди Рама по потпишувањето на договорот. 

Договорот е во вредност од шест милиони долари и се состои од ексклузивна употреба на два сателита за период од три години.

Next Post

Србија привремено ја затвора амбасадата во Кијив, Кина со повик до граѓани да ја напуштат Украина

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk