ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска: Дигиталната трансформација значи унапредување на услугите и на локално ниво, неопходна е тесна соработка со општините и бизнис секторот

October 17, 2022 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за транспарентни и одговорни институции и квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Услугите на локално ниво се клучни за унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните. Од тие причини е важна тесната соработка на централната и на локалната власт.

Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во воведното обраќање на меѓународната конференција „Партнерство за компетитивен регион“, што се одржува во Дубровник во организација на Регионалната мрежа за Пријателска бизнис средина во Југоисточна Европа.

Меѓународната и регионалната соработка, во сите области, а особено во делот на дигитална трансформација на општеството, се наведува во соопштението од кабинетот на Грковска, е од големо значење, затоа што сите ние треба да работиме на промена на свеста, со цел да создадеме ефикасни и продуктивни општества.

Примарната цел на децентрализацијата и пренесување на голем дел од надлежностите од централно на локално ниво е да се подобри секојдневното живеење на граѓаните. Да се унапредат услугите во детската заштита, во образованието, во урбанизмот, комуналните услуги и низа други области за кои се надлежни општините. Обврска на градоначалниците, но и на сите вработени во јавниот сектор е да бидат креативни и користејќи ја дигиталната технологија да се трудат да ги подобрат услугите за граѓаните, нагласи Грковска и додавајќи дека, меѓународната соработка и размената на искуства се клучни за побрз и поефикасен напредок.

Вицепремиерката оцени дека е важна тесната соработка и со бизнис секторот кој исто така е важен чинител во развојот и напредокот на секое општество. Затоа, додала таа, неопходен е координиран и усогласен пристап на сите нивоа.

За таа цел неодамна го формиравме Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, во кој, покрај министрите за информатичко општество и администрација, за внатрешни работи, за финансии и за одбрана, вклучени се и претставници од стопанските комора и од единиците на локалната самоуправа. Дигиталната трансформација не е политички процес и не е поврзан само со една политичка гарнитура, туку тоа е општествен процес и затоа во овој Национален совет вклучена е и опозицијата. Само на овој начин, преку тесна соработка и консултација со сите чинители можен е прогрес, истакна Грковска.

Во своето обраќање, вицепремиерката Грковска се осврна и на потребата да се изгради доверба од страна на граѓаните кон институциите, кои мора да бидат сигурни дека нивните податоци ќе бидат заштитени, дека нема да бидат злоупотребувани и дека нема да им се наруши приватноста.

Затоа, секоја држава паралелно со процесот на дигитална трансформација на општеството мора да работи и на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста. Тоа особено го налагаат и последните геополитички активности, агресијата врз Украина ја подигна потребата за заеднички активности и акции во областа на сајбер безбедноста и заштита на дигиталните податоци, додаде Грковска.

На меѓународната конференција учествуваат градоначалници, политички и деловни лидери од шесте земји на Западен Балкан и Хрватска, како и претставници од организацијата Меѓународни финансиски институции (IFIs), ЕУ и донаторски организации, со цел да се споделат искуства поврзани со најдобри практики во областа на иновациите, дигитализацијата, циркуларната економија, недвижностите, даночната политика и деловниот процес на сертификација во регионот на ЈИЕ.

Next Post

Митрески и Мираковска поднесоа измени на Законот за политички партии за да се спречи ширење омраза и дистанцирање од фашизмот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk