ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Институтот за македонски јазик добива 17 нови вработени

October 17, 2022 15:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во тек е вработување на 17 млади луѓе, со одобрение на Владата односно Министерството за финансии. Во изминатите 24 години Институтот имаше само едно вработување, пред четири години.

За вработувањата денеска соопштија директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и премиерот Димитар Ковачевски, во обраќањата на почетокот од седмите Отворени денови кои ќе се одржуваат до петок.

Во моментов се случува вработување на 17 млади лица. Од нив, 11 се докторанди и двајца доктори на науки по македонистика. Очекуваме разбирањето за нашите потреби да продолжи и наскоро да примиме уште неколкумина, рече директорката на Институтот, нагласувајќи дека неговата иднина е во рацете на младиот кадар.

Идната година ИМЈ ќе одбележува 70 години од формирањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ од својот патрон – Крсте Мисирков.

Во очи на јубилеите очекуваме дека добрата соработка со Владата и со ресорното министерство да продолжи и со нова информатичка опрема да ги обезбедиме нововработените, како што обезбедивме за постојните вработени, рече Јованова-Грујовска.

Таа соопшти и дека во декември се очекува да заврши обемниот проект поддржан од Министерството за култура – дигитализација на сите картотетки на Институтот, кои имаат пет милиони единици.

Директорката Јованова-Грујовска во обраќањето зборуваше за историјатот и мисијата на Институтот, кој е  основан во 1953 година, нагласувајќи дека установата е меѓу ретките која  во услови на пандемија го одржала континуитетот на традиционалните конференции. Организатор е на три меѓународни конференции годишно – Денови на Благоја Корубин, научната конференција во рамки на Отворените денови, која годинава ќе биде на 19 и 20 октомври, на тема  „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, како и конференцијата во рамки на Рациновите средби во Велес возобновена пред пет години.

Од 2019 година ИМЈ го одбележува и Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, а секоја година се приклучува и на одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари.

На почетокот на 7. Отворени денови се обрати и премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека македонскиот јазик станува официјален во ЕУ и рамноправен со другите јазици на Унијата и дека за да се исполни аманетот на Блаже Конески јазикот треба да биде зборуван. Затоа, рече тој, концептот и обврска на Владата е членството во ЕУ за идните генерации да останат во државава.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека Институтот за македонски јазик во континуитет бележи напредок и е уверен, како што рече,  дека ќе продолжи со успешна подготовка на кадар кој ќе биде столб на македонскиот јазик и култура.

Ректорот на Скопскиот универзитет, Никола Јанкуловски, пак, истакна дека Институтот, кој е придружна членка на УКИМ, е првата научна институција во која се проучува македонскиот јазик на современ, лексиколошки, историски, дијалектен и ономастички план и дека од минатата година ИМЈ ги воведе и двете нови области – комуникологија и индоевропеистика со славистика.

Седмите Отворени денови на Институтот за македонски јазик ќе траат до петок, 21 октомври. Утре ќе се одржи трибина „Јазикот на младите“, а в среда и четврток (19 и 20 октомври) – седмата меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. На последниот ден, 21 октомври, во Дојран ќе се одржи Ден на српскиот јазик во Република Северна Македонија.

Во рамки на годинашните Отворени денови ќе бидат одбележани 70 години од објавувањето на граматиките на Хорас Лант и на Блаже Конески, и 100 години од раѓањето на лингвистот Тодор Димитровски, еден од основачите на Институтот и меѓу авторите на Правописот и Речникот на македонскиот јазик.

Next Post

Извозот на жито од Украина во октомври речиси на нивото од пред војната

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk