ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на седница на Собранието

October 17, 2022 10:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 88. седница, на која пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самуправа.

Пенов е предложен за ова министерско место откако досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.

На оваа пленарна седница, пратениците ќе дискутираат и за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по скратена постапка.

Исто така, на дневен ред се и Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, Предлогот за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември”, Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората, Предлог законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиска помош според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

Пратениците треба да ги разгледаат и предлозите за изменување на законите за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, за јавно здравје, за безбедност на козметичките производи, за хемикалии, за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја,

На дневен ред, меѓу другото, се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по итна постапка, Предлог законот за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, по скратена постапка, Предлог законот за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, Предлог законот за изменување на Законот за трговија, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка.

Треба да се дебатира и за Предлог законот за изменување на законот за јавните претпријатија, Предлог законот за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година со дополнување и пренамена на средства.

Next Post

Експлозии одекнаа во станбените квартови во Кијив како резултат на напад со камикази беспилотни летала

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk