Сите четири окупирани украински региони неодамна анектирани се под заштита на рускиот нуклеарен арсенал, потврди денеска Кремљ.
Сите тие територии се неотуѓиви делови на Руската Федерација и сите се заштитени. Нивната безбедност е загарантирана во иста мера како и остатокот од руската територија, одговори портпаролот Дмитриј Песков, на новинарско прашање дали тие региони се под руски нуклеарен чадор.
Претходниот месец, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да го искористи нуклеарниот арсенал за одбрана на „територијалниот интегритет“ на Русија.
Претседателот на САД, Џо Бајден на 6 ноември посочи оти оваа негова закана го донела светот најблиску до „армагедон“ од кубанската криза во 1962 година.
Русија иако спроведе псевдореферендуми за анексија на окупираните територии, целосно не ги контролира тие подрачја.







