ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир: Процесот за интеграција во ЕУ да се искористи за придвижување на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор

October 19, 2022 12:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени. Процесот за интеграција во ЕУ, што сега добива моментум по отворањето на преговорите и носи дополнителни барања што се поврзани со заштитата на човекови права и основни слободи, треба да се искористи ова со цел да се движат реформите, бидејќи на овој начин ќе се овозможи добро владеење и јавна доверба во институциите во овој многу чувствителен сектор, како и во други сектори. Дополнителни напори и волја се потребни од страна на Владата, Парламентот и политичките партии и другите чинители, не само поради процесот за преговарање со ЕУ, туку пред се заради интересите на граѓаните.

Ова го нагласи евроамбасадорот Дејвид Гир на годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), што се одржува денеска во Скопје.

Надзорот и контролата на безбедносните и разузнавачките служби и нивната реформа е комплексна работа, меѓутоа е многу важен процес. Парламентот претставуваше посветен партнер во овој процес. Ние очекуваме постоечкото законодавство за следење да биде променето, со цел комисиите за надзор во Парламентот да функционираат подобро и Советот за граѓански надзор да биде целосно функционален. Создавањето „заштитена соба“ треба да се случи без понатамошно одложување, истакна Гир.

Според него, безбедносните и разузнавачките служби укажале отвореност и волја да соработуваат со собраниската Комисија за надзор, како и граѓанското општество и ова, според него, е значаен чекор напред што бара поголема транспарентност и одговорност и со тоа ќе се зголеми јавната доверба во институциите.

Министерството за внатрешни работи, исто така, е посветено кон реформите, меѓутоа треба да продолжи да го хармонизира своето законодавство со начелата и стандардите на ЕУ во однос на отчетноста, транспарентноста и безбедноста. Добар процес почна во Министерството за одбрана повторно со поддршка на оваа програма. Имено, Министерството работи за подобрување на родовата еднаквост во Министерството и Армијата. Се надеваме дека другите безбедносни институции во земјата ќе ја следат оваа практика, бидејќи родовата еднаквост е клучен меѓународен принцип и ЕУ е посветена на елиминирање на родовата нееднаквост, со цел да се подобри ефикасноста, нагласи Гир.

Во однос на правосудството, додаде Гир, ние сме охрабрени дека Академијата за судии и јавни обвинители обезбедува обуки за користење на посебни истражни мерки.

Ефективноста на правосудната контрола и одговорноста на разузнавачките и безбедносните служби, зависи од независни актери коишто го вклучуваат граѓанското општество, медиумите и академската заедница. Овој неформален вид на надзор е од клучно значење во демократското општество. Како заклучок, реформата на безбедносниот и разузнавачкиот сектор треба да се одвива понатаму. Потребна е посветеност и работа од страна на политичкото лидерство и другите чинители со постојаната поддршка од оваа програма, заклучи евроамбасадорот на Конференцијата во рамки на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“.

Next Post
Фото: Michael Lucan, CC BY-SA 3.0 DE , Викимедија комонс

Разрешен шефот на германската агенција за кибер безбедност поради можни врски со Русија

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk