ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поднесената кривична пријава Русковска ја смета како притисок кон неа и нејзините колеги

October 20, 2022 15:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Суспендирањето, поведувањето на дисциплинска постапка, како и поднесената кривична пријава, обвинителката Вилма Русковска го гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители да внимаваат против кого ќе поведат постапка.

Русковска ова денеска го истакна по исказот во Обвинителството по поднесената кривична пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК. Таа соопшти дека вчера поднела и пријава каде конкурирала за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и дека очекува поддршка од нејзините колеги.

Давав исказ по поднесена кривична пријава од Финансова полиција за наводна злоупотреба на  службена положба и овластувања, член 353 став 1 и за наводно фалсификување на избори, појасни Русковска.

Истакна дека нејзиниот колега што го застапува предметот бил максимално коректен и професионален кон неа, а информираше дека сабајлево исказ дала нејзината колешка Елизабета Јосифовска, дека утре ќе дава Ивана Трајчева, а, како што рече, слушнала и дека Сузана Мирчевска Кузмановска бил ставена во пријавата.  

Суспендираната обвинителка рече дека не извршла увид во доказите, освен во делови од предметот што се прибавени од Организиран криминал.

Обвинителот ми рече дека имал некој извештај направено од колешката Лиле Стефанова, ја видов кривичната пријава. Ми беше понудено да го видам записникот на изјавата на Муареми, не бев заинтересирана да ја прочитам, само кривичната пријава ја прочитав, истакна обвинителката.

ОЈО Скопје претходно на брифинг со новинарите информираше дека постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност при претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК, дека веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе се испитаат и пријавените лица.

Подносител на пријавата е Управата за финансиска полиција, а оштетено лице е Арафат Муареми.

Пријавено е дејствието на злоупотреба на службена должност во контекст на нешто што не било созреано за претрес и немало таква документација за претрес, а е направено. Како аргументација кон пријавата е посочен и извештајот од надзорот и тоа што се случувало таму, појаснуваат од ОЈО Скопје.

Управата за финансиска полиција на 8 август годинава, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за „злоупотреба на службена положба и овластување“  при претресот во Управата за финансиска полиција извршен на 18 јули годинава.

Next Post

Петровска: Интензивно работиме на Закон за критична инфраструктура како рамка за создавање отпорност на системите витални за државата

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk