ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со 30 милиони денари се реконструира покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“

October 21, 2022 15:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изврши увид во работата за санација на покривната конструкција на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.  Во изминативе два месеца активно се реконструираат три од постојните пет кубуси на покривната конструкција на стариот дел  од објектот.

„За оваа неопходна санација и реконструција на една од најзначајните институции за науката и културата во нашата земја, Министерството за култура досега одвои околу 30 милиони денари.  Активностите се одвиваат според планот, и досега се реализирани над 50 проценти од одобрените средства, односно 16.827.443,00 денари“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

За време на увидот, директорот на НУБ, Рахметула Куќи, и министерката Костадиновска-Стојчевска дискутираа и за актуелните предизвици со кои се соочува оваа институција чиј објект претставува архитектонско ремек-дело на еден од најзначајните македонски архитекти, неодамна починатиот Петар Муличковски. Годинава симболично, со неговата смрт и почетокот на реконструкцијата на старата зграда на НУБ, се навршува точно половина век од нејзиното официјално пуштање во употреба.

Министерката Костадиновска-Стојчевска и директорот Куќи  го потенцираа и повеќедецениското неоправдано запоставување  на оваа наша најголема ризница на знаење и ги искажаа своите заеднички идни заложби, но и заемното задоволство што таквата практика веќе станува минато. Потврда за тоа се подобрените работни услови за вработените, како и интересот на неколку домашни угледни компании и дипломатски претставништва да дадат свој придонес во враќањето на сјајот на оваа клучна институција од областа на културата и образованието.

Директорот Куќи ја актуализираше потребата од зголемување на бројот на стручниот кадар, како и потребата за набавка на нова современа опрема во Центарот за дигитализација при НУБ, потребна за едукација и надградба на знаењата на новите млади генерации корисници.

Mинистерката за култура уште еднаш ја потенцираше својата заложба оваа монументална и значајна институција, која е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во  1944 година, повторно да го врати својот сјај и да стане водечко збирно место за младите и прогресивни студенти, истражувачи и културни дејци.

„Ние сме тука да ја подобриме сегашноста во оваа институција, институција која може да ни понуди најточен и најдобар поглед кон посветлата иднина преку своето знаење, преку сето културно и историско искуство и богатство кое е акумулирано во депоата на оваа наша најголема библиотека“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Реализацијата на проектот за целосна реконструкција на покривот, кој во оваа фаза опфаќа вкупно 1070 квадратни метри, како и на блоковите 3 и 5 од објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“, продолжува и следната година.

 

Next Post

(ВИДЕО) Руски војници крадат машина за перење од украински дом

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk