ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Воената академија ги промовираше новите потпоручници и новите питомци

October 21, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжите со вашиот ентузијазам, со вашата енергија и посветеност во извршување на задачите кои Ве очекуваат, затоа што од денеска и вие сте лицето на Армијата, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на 22-та класа потпоручници кои денеска беа промовирани во Воената академија „Михајло Апостолски“.

Од денеска секој од вас и се приклучува на Армијата. Внесувате нова енергија, прогресивни размислувања, но никогаш не заборавајте на влогот на поранешните и сегашни искусни припадници на Армијата. Кон нив гледајте со голема почит, затоа што тие се заслужни за ова што имаме денес. Почитувајте го минатото, славете ја историјата, но создавајте ваши дела по кои ќе бидете препознаени и запаметени, рече Петровска.

Обраќајќи им се на новите офицери, Петровска им порача влегувањето во Армијата да не го гледаат само како работен ангажман, туку и како света должност и обврска да се гради и брани татковината.

Современите безбедносни предизвици бараат и современи доктрини и технологии. Затоа, превземам обврска како министерка да обезбедам услови за ваша континуирана едукација и стручно усовршување. Секогаш ќе бидам на страната на она што е најдобро за вас, вие сте иднината на Македонија, нагласи Петровска.

За најдобри офицери во генерација беа прогласени Кристијан Илиевски, Николина Пејовиќ и Сара Илиевска.

На денешната свеченост беше промовирана и 26-та класа на питомци на Воената академија која брои 39 припадници.

Деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски на новите питомци им порача да продолжат по патот којшто го избрале и да израснат во посветени и пожртвувани лидери кои ќе знаат да се справат и со најтешките ситуации.

Исправени сте пред еден од најголемите предизвици на својот живот преку кој од млади, безгрижни луѓе ќе се трансформирате во одговорни, посветени и себепожртвувани лидери кои ќе можат да се справат и во најтешките ситуации. Да станете лидери кои мотивираат, напорно работат и претставуваат пример за своите следбеници. Знам дека има измешани чувства помеѓу вас. Има такви кои знаат дека се на правото место, а има и такви кои можеби се уште размислуваат дали донеле правилна одлука и дали ќе можат да одговорат на предизвиците. За оние вторите, немојте да се откажувате. Ве уверувам дека вредите повеќе од тоа да се откажете заради некоја препрека на која ќе наидете, рече Богданоски.

Next Post

Спасовски: Досега преку новите базни станици издадени 16.600 патни исправи за наши граѓани во странство

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk