ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Mладите се незадоволни од своето место во општеството

Bише од половине младих (56%) ретко или никада не прати и не интересује се за политичка дешавања и дешавања у земљи, док 83,9% младих сматра да не могу утицати на то шта и како раде власти.

October 24, 2022 12:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Петар Барлаковски

Според истражувањето „Социо-политичко учество на младите во Северна Македонија: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“ изработено од страна на Младински образовен форум (МОФ) и Фондацијата за демократија на Вестминстер, две третини од младите (64,8%) се незадоволни од своето место во општеството. А и како не би биле кога се соочуваат со низок квалитет на образование, лоши економски услови – ниски плати и неатрактивни работни места, држава во која владее корупцијата а и пред сѐ држава која многу малку ги вреднува и ги споменува, освен секако во предизборните кампањи.

Во 2020 година во државата се изгласа Законот за младинско учество и младински политики. Тој закон треба(ше) да им озвоможи на младите законска гаранција за нивното учество во процесите на носење одлуки, на национално и локално ниво. Меѓутоа, како што знае секој бруцош на правните факултети во државата – нашата држава има супер закони, но за жал тие не се спроведуваат. Истата ситуација е за жал и со Законот за млади.

Предвидени се низа тела, механизми и шанси за нивно вклучување на масата со „возрасните“ но многу малку од тоа е имплементирано и младите луѓе се сѐ уште  исклучени од важните процеси.  Тоа неминовно се рефлектира и врз оваа популација во смисла на тоа како они гледаат на политичките процеси и што очекуваат од државата. Па така, повеќе од половина од младите луѓе (56%) ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата, додека пак 83,9% од младите веруваат дека не можат да влијаат врз тоа што и како работат властите. А како би верувале кога многу малку, ако воопшто биле консултирани за некој политички процес или пак гледаат свои врсници во парламентот или пак владата – двете најважни тела за државната власт.

Меѓутоа, нѐ е се така црно како што изгледа, барем не толку. За среќа во рамки на парламентот функционира Клуб за младински прашања и младински политики, кој и покрај тоа што не е формална комисија во рамки на собранието, сепак е активен и е единствената формација во парламентот која се залага за младите. Она што е уште поважно да се потенцира е што во услови на огромна политичка поларизираност во државата, овој клуб обединува млади пратеници од различни партии, леви и десни, власт и опозиција и истите тие се отворени за соработка, особено со младинските организации и пробуваат, бар колку толку, да го зацврстат учеството на младите луѓе и да го подобрат младинскиот стандард.

Важно е да се напомене и улогата на младинските организации во државата кои се едни од најактивните организации и поборници за младинското учество. Благодарение на овие организации, може да видиме дека се формираат локални младински совети во единиците на локалната самоуправа каде што полека младите стануваат носители на одлуки во нивните заедници.

Сепак, престои уште многу долг пат кој треба да се изоди. Најпрвин, важно е младите да бидат препознаени како рамноправни партнери во процесите на носење одлуки и да бидат вистински вклучени во одлучувањето, а не да служат само како декор. Важно е властите да ја препознаат улогата и важноста на придонесот на младите луѓе, и дополнително зошто е важно младите луѓе да знаат дека и тие самите може да учествуваат во водењето на државата а не единствено тоа да биде клуб на возрасни луѓе со бели коси, пред сѐ мажи.

И, најважно од сѐ е да се ослободиме од тој штетен наратив дека нема што младите да бараат место на масата или пак дека младите се неискусни па оттука не треба да се земе нивното мислење предвид.  Младите луѓе можеби немаат огромно искуство но и те како имаат знаење за тоа што им треба и што треба да се направи за да се подобри нивната положба. Финално, нивно право е да бидат консултирани и да бидат вклучени за работи кои се однесуваат за нивната иднина, поради тоа што само така ќе се осигураме дека повеќе нема 77,3% од нив да сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби, податок за кој секој политичар треба да го стави прстот на ум.

Извор: Окружење.


Петар Барлаковски е претседател на Младински образовен форум

Next Post
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Франција, В. Британија и САД: Лажна е изјавата на Москва дека Украина се подготвува да употреби валкана бомба на своја територија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk