ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Ракушан во Прага: Чешката и македонската полиција одлично се справуваат со нелегалната миграција

October 24, 2022 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на Министерската конференција во рамки на Прашкиот процес, денеска оствари билатерална средба со неговиот чешки колега и прв заменик премиер, Вит Ракушан.

Оваа средба меѓу министрите за внатрешни работи на двете земји, соопштија од МВР, претставува потврда на заложбите за искрена меѓусебна соработка и несебична поддршка, која е на највисоко ниво.

Министерот Спасовски упатил благодарност до министерот Ракушан за поддршката која Чешката Република ја дава на Министерството за внатрешни работи, преку донации за унапредување на капацитетите на полицијата и зголемување на ефикасноста, како и во справување со илегалната миграција на јужната граница, преку постојано испраќање на чешки полициски службеници, која започна уште во екот на мигрантската криза, што придонесува за зачувување и на границите на ЕУ и безбедноста на европските граѓани.

Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење, што постојано е нагласувано и од раководниот кадар на нашата гранична полиција, истакнал министерот Спасовски.

И двајцата министри се согласиле дека чешката и македонската полиција одлично се справуваат со нелегалната миграција, што е од особено значење, имајќи предвид дека справувањето со миграцијата на јужната граница на Република Северна Македонија во суштина значи обезбедување и на границите на ЕУ.

Министерот Спасовски упати покана до министерот Ракушан за учество на Министерската конференција во рамки на чешкото претседавање со Советот на ЕУ во заедничка организација и поддршка на Меѓународната организација за миграција на тема „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која ќе се одржи во Скопје кон средината на идниот месец, како и лична покана за официјална средба во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Министерот Ракушан, изразувајќи благодарност, ја прифатил поканата од министерот Спасовски, со увереност дека интензивната соработка меѓу двете министерства ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо, потенцирајќи дека ваквите работни средби, како оваа во Прага, но и таа што следува во Скопје, се одлична можност за отворање на нови поглавја преку конкретни предлози за нејзино натамошно унапредување.

Next Post

Борис Џонсон се повлекува од трката за премиер на Велика Британија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk