Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала 489.072 МWh електрична енергија, 23.044 мил. нм3 природен гас, 377.045 тони јаглен и 113.677 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.5 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.