ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Откако Сунак стана премиер, петмина британски министри поднесоа оставки

October 25, 2022 18:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Петмина министри во британската влада ги напуштија своите позиции откако Риши Сунак стана премиер, јави Би Би Си. Сунак, сепак, го задржа Џереми Хант, кој беше назначен на функцијата од сега веќе поранешната премиерка Лиз Трас пред две недели.

Поранешниот министер за правда Брендон Луис поднесе оставка, велејќи дека „новиот премиер ќе ја има мојата поддршка од позадина во соочувањето со многу предизвици, како партија и како земја“. Министерот за бизнис и енергетика Џејкоб Рис-Мог исто така се повлекува, како и министерот за образование Кит Малтхаус.

Клои Смит повеќе нема да биде министерка за труд и пензии, а Ранил Џајавардена поднесе оставка од функцијата министер за животна средина.

Џереми Хант ќе остане како министер за финансии откако беше назначен од Лиз Трас кон средината на октомври, со цел да ја смири финансиската бура создадена од нејзината економска програма.

Искусниот политичар кој помина низ министерствата за здравство и за надворешни работи, Џереми Хант (55), ги укина речиси сите даночни намалувања по неговото назначување што ги донесе владата на Лиз Трас и предупреди дека доаѓаат остри мерки, поттикнувајќи ги стравувањата за враќање на мерките за штедење.

Новите буџетски мерки треба да бидат објавени на 31 октомври.

За потсетување, вчера беше објавено дека Сунак ќе стане нов британски премиер откако останатите кандидати се повлекоа од трката за лидер на Конзервативната партија, оставајќи му задача да ја води длабоко поделената земја во економска криза.

Сунак (42), поранешен министер за финансии, ќе стане третиот британски премиер за помалку од два месеца, со задача да ја врати стабилноста на земјата, која со години ја тресат политички и економски превирања. Мултимилионерот, поранешен претседател на инвестицискиот фонд и аналитичар на Голдман Сакс, ќе биде првиот британски премиер со индиско потекло.

Next Post

Забрчанец: Отворен Балкан и Берлинскиот процес се комплементарни, треба да се поддржат сите иницијативи кои регионот го носат кон ЕУ

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk