СДСМ од денеска започнува со серија граѓански трибини, каде, како што велат, заедно со граѓаните отворено ќе разговараат за мерките и политиките на СДСМ за иднината на државата.
Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет, истакнуваат во објавата на Фејсбук од СДСМ.
„Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.
Утре, 25.10.2022 година, заедно со граѓаните во пет градови.
Во 18.30 ч, централна граѓанска трибина во Битола со претседателот Димитар Ковачевски.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Ресен, со заменик претседателката Сања Лукаревска.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Новаци со потпретседателот Стефан Богоев.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска.
Во 17.00 ч граѓанска трибина во Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески.“, се наведува во објавата од СДСМ.







