Одговор до сите оние коишто вчера и денес ‘отекоа’ со прашањето:
„Па што ако се потпишал договор на македонски јазик? И досега се потпишуваа на македонски јазик. Во што е разликата?“
Па всушност и нема разлика. Разликата вие ја направивте. При претходните потпишувања на документи на македонски јазик, вие тврдевте дека македонскиот јазик е со фусноти и ѕвездички и дека не било исто.
Е како тогаш не било исто, а сега е исто?
Како тоа вашиот крунски доказ (фусноти и ѕвездички) дека јазикот е продаден, одеднаш стана тотално небитен и ирелевантен?
И на Мицко сега му текна дека прашањето за јазикот е завршена работа и не требало да се подотвора… А баш тие го отвараа во секоја можна прилика!
Ќе испопукаат од мака дека не им успева гнасната пропаганда!
Објава на Фејсбук од Ацо Лукароски