ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Црвен картон за говорот на омраза – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“

October 30, 2022 15:24
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

На фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), беше одржан спортски настан за подигнување на свеста кај младите, родителите и поддржувачите во рамки на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа насловена „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“.

Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ, го поддржа настанот за ширење на позитивни пораки за влијанието на спортот и фудбалот врз идните генерации, потенцирајќи дека фудбалот е одлична платформа за испраќање на позитивни пораки.

– Со иницирање на активности за подигнување на свесноста за повисоко ниво на толеранција на фудбалските терени и надвор од нив се испраќа порака до навивачите, а особено младите за штетните ефекти од говорот на омраза и нетолеранција. Искрена благодарност до Европската унија и Советот на Европа за иницијативата и поддршката во организирање на оваа кампања, изјави Поповски.

Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, ја истакна важноста на спортот и фудбалот и неговото влијание врз младите.

– Фудбалот е обединувачка сила, токму затоа нема место за говорот на омраза во спортот. Спортот промовира почитување и славење на достигнувањата и различностите. ЕУ продолжува силно да ги поддржува напорите за борба против говорот на омраза, како и промовирањето на позитивните вредности и духот на фер игра и толеранција, порача Худолин.

Лејла Дервишагиќ, оперативна раководителка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје истакна дека целта на спортот е да ги поврзе луѓето, да придонесе кон подобро здравје и квалитетен живот, рушејќи ги бариерите преку градење на доверба и чувство на припадност, јавува МИА.

– Повеќе од 40 години, Советот на Европа се залага за фер игра и почит на спортските терени. Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е заеднички напор на Советот на Европа и Европската Унија за поддршка на борбата против говорот на омраза. Многу е важно што денес споделуваме пораки дека љубовта, фер-играта и почитта се вредности кои ни се потребни во, но и надвор од фудбалскиот терен, вели Лејла Дервишагиќ.

Селекторот на македонската А фудбалска репрезентација и еден од амбасадорите против говор на омраза во рамките на кампањата, Благоја Милевски порача дека фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура.

– Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот, додаде Милевски.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата, во соработка со Македонската фудбалска федерација. Идејата на денешниот настан беше низ игра и спорт да се доближат прашањата за различностите и инклузијата до младите спортисти, а главната цел на настанот беше да се подигне свеста кај младите за различните форми на говор на омраза, како и да се промовираат начините за борба против омразата особено во спортот и фудбалот.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022

Next Post
Премиерот Димитар Ковачевски. Фото: Ариан Мехмети

Ковачевски: Храна, струја и греење оваа зима мора да има за сите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk