ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Државата е неатрактивна за мигрантите заради добрата стратешка поставеност на полицијата и заедничките акции со земјите од регионот и од ЕУ

October 30, 2022 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при гостувањето во дневникот на телевизија Сител беше запрашан за моменталната ситуација на јужната граница, со оглед на последните информации и анализи на Фронтекс дека годинава за три пати е зголемен бројот на мигранти на Балканската бегалска рута, што беше потврдено од страна на министерот Спасовски, дека има зголемување на мигранти кои се движат по Балканската бегалска рута, меѓутоа како што рече Спасовски, факт е дека РСМ стана неатрактивна земја за поминување.
„Од кој аспект? Од аспект на тоа што македонската полиција се постави добро на стратешко ниво и тоа на територија на целата држава, не само на границите. Ние имаме кризна состојба прогласена на јужната и северната граница, значи може да ги користиме сите можни капацитети на државата, и армиските, во овој дел. Второ, имаме билатерална акција со земјите од ЕУ и од регионот, со Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија, со коишто од 2015 година до денеска имаме заедничка акција во обезбедување на границата. И најважно за нас покрај обезбедувањето, да имаме размена на информации и податоци и да стигаат податоци како РСМ се справува“, рече Спасовски.

Според Спасовски, статистичките податоци покажуваат дека Северна Македонија се заобиколува и мигрантите се упатуваат по две други рути коишто функционираат, а тоа е рутата преку Албанија-Црна Гора-Босна и Херцеговина, а другата преку Бугарија и Србија.

„За првите 9 месеци во 2022 година ние имаме зголемување на обиди за преминување на нашата граница за 7% во однос на истиот период во 2021 година, меѓутоа имаме намалување за 27%, ако  споредиме со периодот јануари-септември 2020 година”, информираше министерот Спасовски, при што како посебна карактеристика го издвои фактот дека 95% од обидите за илегално влегување во државата се од јужната граница, од Грција кон Северна Македонија, а 5% во обратна насока, од Србија кон Северна Македонија, потенцирајќи дека се работи пред сѐ за лица коишто доаѓаат од одредени региони со кои Србија има безвизен режим, и кои се обидуваат да влезат во РСМ, да одат кон Грција и понатаму низ другите рути по европските земји.

„Тоа е еден од предизвиците и практично ние за тоа и разговараме сега, тоа беше клучна тема во делот на безбедноста, во сите овие безбедносни форуми коишто ги имавме, Берлинскиот процес, Прашкиот процес, сега ќе имаме нов состанок на министрите за внатрешни работи во Тирана, итн, на коишто практично сите овие аспекти се разгледуваат, бидејќи е најважно да воспоставиме заедничка политика со сите држави и од регионот и од ЕУ. Големите безбедносни предизвици бараат сериозен и заеднички пристап. Нема држава која може да одбере механизам, начин итн, самата да се заштити, затоа што тоа не е можно, затоа спроведуваме заеднички политики со кои РСМ е целосно усогласена”, подвлече министерот Спасовски.

Next Post

Манипулативна и нејасна објава со каша од дезинформации за актуелните меѓународни настани

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk