ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Предлог-законот за културата е кај репрезентативните синдикати, се очекуваат нивните мислења и забелешки

November 1, 2022 12:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со денешната прес-конференција на СКРМ на која беа изречени ставови дека не се вклучени или дека се доцна вклучени во изработката на нов Закон за културата, Министерството за култура информираше дека Предлогот на закон за остварување на јавниот интерес во културата, кој беше доставен до Собранието на РСМ во јануари 2020 година, поради многубројните забелешки изнесени и на самата расправа за Предлогот во Собранието во април 2022 година, беше повлечен од натамашна постапка за донесување.

„Со оглед на тоа што културата е исклучително комплексна и хетерогена и допира интереси на институционално и вонинституционално остварување, Министерството за култура одлучи новата нацрт-верзија на Законот да биде изработувана во инклузивен и партиципативен процес кој ќе ги вклучува сите засегнати страни. Во тој контекст, една работна група изработи нацрт-верзија во која беа вклучени претставници од установите и од невладиниот сектор. Оваа првична нацрт-верзија е доставена на мислење до СОНК и до СКРМ.   Предлогот е испратен до СКРМ на 28 октомври 2022 година, откако беше усогласен Записникот од средбата со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, одржана на 14 октомври. Текстот е испратен до репрезентативните синдикати со барање да достават мислења и забелешки до 8 ноември 2022 година.  Во следниот период ќе се работи на оваа нацрт-верзија во согласност со предлозите, забелешките и мислењата на синдикатите. Временскиот период не е лимитиран и откако текстот ќе биде усогласен со синдикатите, ќе започне постапка за широка јавна дебата. Министерството верува дека синдикатите, со своето учество во изготвувањето на долгоочекуваниот нов Закон за културата, ќе дадат квалитетен придонес за  уредување во оваа сфера и ќе придонесат за донесување нов, современ, европски Закон за културата.

Репрезентативните синдикати во културата остануваат партнер на Министерството за култура, како и досега, преку нивна партиципација во сите  процеси во културата, како што е донесувањето на закони, на буџет, на Колективниот договор. Посветено работиме на унапредување на синдикалните права во културата, што, уверени сме, ќе донесе и нов програмски квалитет во оваа област.“ Стои во соопштението од Министерството за култура.

Next Post

СДСМ го смени политичкото делување – наместо граѓаните да слушаат говори, функционерите слушаат нивни предлози

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk