ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вратен монополот на поштенските услуги

November 2, 2022 11:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга  А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот.

– Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 01 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница.

Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор.

Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година.

Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги.

Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта“ на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти“, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

Next Post

Зеленски: Светот треба да ги заштити коридорите за извоз на жито

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk