ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанска комора: Собранието излезе во пресрет на бизнис заедницата, усвоена ПЕМ конвенцијата за извоз на пазарите на ЦЕФТА

November 3, 2022 18:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија попладнево го поздрави усвојувањето на ревидираната ПЕМ конвенција за извоз на пазарите на ЦЕФТА од страна на македонското Собрание.

Како Стопанска комора ги поздравуваме заложбите на законодавниот дом и на пратениците од позицијата и од опозицијата кои ја препознаа важноста на овој меѓународен документ за компаниите и денеска истиот го изгласаа, се наведува во соопштението од Комората. 

Ратификацијата на Конвенцијата, како што посочуваат, е од големо значење за извозно ориентираните компании бидејќи, меѓу другото, со тоа се укинува забраната за поврат на царина за суровини без потекло. На тој начин се олеснува и процедурата за добивање ЕУР 1 сертификат за потекло, се намалуваат трошоците на компаниите и тие стануваат поконкурентни на пазарите каде извезуваат.

Одблокирање на оваа ратификација и на уште два закона од економскиот ресор побара претседателот на Комората Бранко Азески на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери пред десетина дена. Во разговорот, Азески ги предочи сериозните забелешки на компаниите, зашто во услови на тешка енергатска криза, тоа дополнително го усложнува нивното работење. 

Земјите потписнички преземаа обврска да го завршат процесот на ратификација на ревидираната ПЕМ конвенција до 30 јуни годинава за договорот да може да се применува од 1 септември годинава.

Овој процес го немавме завршено само ние. Ратификацијата на ПЕМ конвенцијата, кај нас, од страна на Собранието требаше да се случи на 73-та седница, одржана на 27.06.2022г. Седницата тогаш беше прекинатата без да се усвои точка 3, која се однесуваше токму на ратификацијата, информираат од Стопанската комора. 

Next Post

Бербок: Г7 нема да дозволи Русија да ги изгладнув и со студ да ги убива Украинците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk