ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски најави дека со модернизацијата на Коридорот 10-Д се отвораат можности за развој на стопанството и поврзување со Грција

November 5, 2022 18:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза. Делницата на Плетвар, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот Пелагониски регион, изјави премиерот Димитар Ковачевски кој денеска со министерот за транспорт и врски Благој Боџварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беше на увид на завршните работи на рехабилитацијата на делницата на превојот Плетвар.

Активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2. Во овој момент активно тече изградбата на: автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра, со прогрес на реализација од преку 72 процента. Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, инаку во вкупна должина од 12 километри. Во рамките на Коридор 10-Д и Коридор 8 течат активности за: изградба на автопатот Гостивар – Кичево; на автопатот Тетово – Гостивар; на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан; на автопатот Прилеп – Битола.

– Изградени се експресни патишта во должина над 55 километри, со инвестиција од 84 милиони евра. А се градат експресни патишта во должина над 63 километри со инвестиција од 139 милиони евра. Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата, рече Ковачевски.

Според министертот за транспорт и врски Благој Бочварски од огромно значење е изградбата на патните правци од коридорот 10 и сите работи требата да завршаат наредната и 2024 година.

-Рехабилитацијата на превојот Плетвар е во завршна фаза и очекувам до крај на овој месец да биде комплетно завршен. Силно се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион за брз, безбеден и поквалитетен сообраќај. Би сакал да најавам дека во Министерството заедно со ЈП за државни патишта работиме и на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има само две ленти, да се прошири со уште една трета лента и понатаму на изградба на нов експрсен пат од мостот кај Ленишка Река до влезот во Прилеп. Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација, рече Бочварски.

Очекува, вели, веќе наредната година, по завршување со преговорите со компанијата изведувач, да започнат со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница. Овој дел од Коридрот 10-Д ќе биде заокружен со изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија со границата на Грција.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласи дека делницата на превојот Плетвар ќе биде побезбедна за сообраќај во претстојната зима. Патот Прилеп-Градско е еден од најфрекфентните, дневно се движат околу 5000 возила, а 18 отсто се тешки товарни возила и се поврзуваат два земјоделско-индустриски региона Пелагонискиот и Вардарскиот.

-Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола, многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење посебно во период каков што доаѓа, а тоа е зимата. Затоа преземавме градежни активности со цел полесно, побезбедно и посигурно патување и отпочнавме со рехабилитација на делницата Фариш-Прилеп во должина од 19 км за што издвоивме средства со помош на ЕБОР во висина од 4.07 милиони евра. Работите се пред самиот финиш, рече Рустеми при денешниот увид на работите на превојот Плетвар.

Next Post

Ковачевски во посета на млекара и винарија во Кавадарци: Владините мерки даваат резултати за стабилизација на цените на храната и јакнење на стратешките земјоделски култури

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk