ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Северна Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан, горд сум на реформите што ги направивме

November 7, 2022 09:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан, со скок од 97 места во 2017 година и четири позиции повисоко рангирана од лани. Или, според Глобалниот индекс на мир (GPI – Global Peace Index), годинава сме во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Проценувајќи неколку аспекти на мирот, вклучително општествена безбедност, напиша тој, Глобалниот индекс на мир е корисна алатка за анализа до каде сме стигнале во нашите заложби.

„И ако се навратиме на 2017 година, од кога нашата држава бележи континуиран напредок на листата на најбезбедни држави во светот која секоја година ја прави Институтот за економија и мир, не може, а да не ги реафирмираме трите важни приоритети кои ова раководство на Министерството за внатрешни работи ги постави пред себе: професионализација, департизација и декриминализација. Според нивната тежина, тоа беа најважните суштински прашања со цел да се врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и, секако, довербата во институцијата.

Горд сум на реформите што ги направивме. Горд сум и на резултатите на полицијата. Нејзината ефикасност во сите области на безбедноста од година во година бележи напредок, што беше потврден и во годинешниот Извештај за напредок на ЕК, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, напредок и во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка“ напиша Спасовски.

„Континуираниот напредок на државата според Глобалниот индекс на мир колку што е резултат на спроведувањето на поставените приоритети на ова раководство, подвлекува министерот Спасовски, подеднакво е заслуга на вработените во институцијата која претставува гарант на безбедноста и сигурноста, но и на вас, граѓаните.

Без вашата поддршка, без партнерството кое го воспоставивме со вас, резултатите немаше да бидат ни толку брзи и евидентни, ниту континуирани“ порача министерот за внатрешни работи Спасовски.

Денес, пишува Спасовски на фејсбук, полицијата е во служба на граѓаните, МВР е една од најтранспарентните институции со најголема доверба врз релевантни истражувања.

„Како земја членка на НАТО, земја која ги почна преговорите со Европската Унија, промотор за мирот и стабилноста во регионот, но и чувар на просперитетот и сигурноста на граѓаните, наша обврска е да продолжиме да ја унапредуваме полицијата, бидејќи безбедноста е основа за функционирање и просперирање на секоја демократска држава“ објави Спасовски.

Next Post

Се отвора изложбата „Се што ни е заедничко“ во МСУ - Скопје

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk