ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

САД останува силен партнер, сојузник и пријател на Северна Македонија

November 8, 2022 13:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Посакувајќи и добредојде и успех во работата, Пендаровски истакна дека фактот што ова не е прв дипломатски престој на Агелер во Скопје и е одличен познавач на состојбите во земјава, претставува значајна претпоставка за натамошно збогатувањето на билатералните односи.

“Република Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, кои ги сметаме за голем пријател, значаен економски партнер и искрен поддржувач во најтешките моменти уште од нашата независност. Впрочем, постојаното унапредување на нашите односи е надворешно политичка аксиома, која е приоритет на сите релевантни политички фактори во Северна Македонија“истакна претседателот Пендаровски по примањето на акредитивните писма од амбасадорката Агелер.

Посочи дека билатералните односи се градата и унапредуваат и како сојузници во НАТО Алијансата, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и човековите права, како и заложбите за меѓународен поредок базиран врз правила.

„Во контекст на последните геополитички предизвици и руската воена агресија врз Украина, дозволете да констатирам дека нашето цврсто пријателство добива уште повеќе на значење и истото претставува гаранција за стабилноста и просперитетот на мојата држава и регионот на Западниот Балкан, во целина“ рече шефот на државата.

Тој оцени дека политичкиот дијалог меѓу двете држави постојано се интензивира и се одвива на повеќе нивоа. Посебно задоволство изрази од фактот што оваа година го започнавме Стратешкиот дијалог, како прва земја од Западниот Балкан.

– На тој дијалог гледаме како на заеднички интерес за конкретизирање на нашата соработка во сите сфери од заемен интерес. Подготвени сме за сеопфатно кревање на нивото на односи и уште поголема координација и соработка во сферите на економијата, одбраната, безбедноста, инвестициите, образованието, културата, науката и животната средина. Посебен квалитет во нашите односи сите овие години дава и многубројната македонска дијаспора во Вашата земја, која, освен мост на пријателство меѓу нашите народи, претставува и сериозен потенцијал за развој на економските врски, рече Пендаровски.

Тој се заблагодари за досегашната поддршка на Соединетите Американски Држави за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија, нагласувајќи дека е уверен оти реформите во клучните сфери: владеењето на правото и борбата со високата корупција, негувањето на културата на одговорност, транспарентноста и функционалноста на институциите, треба да го одредат натамошниот развој на македонската демократија и конечното членство во Европската Унија.

„На тој пат, анахроните теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини претставуваат сериозна пречка која има потенцијал да го закочи нашиот интегративен пат и, со самото тоа, да го држи целиот регион во неизвесност, а тоа генерира нестабилност. Всушност, започнатиот дијалог во рамките на Самитот за демократија, под водство на претседателот Бајден, е најдобриот показател кон какви цели треба да се стремат демократските држави во меѓусебните односи. Поаѓајќи од оваа констатација, уверен сум дека поддршката од Вашингтон ќе продолжи и во периодот што претстои, со очекување за уште посилно вклучување на Соединетите Американски Држави, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, во светло на видливите последици на Континентот од руската воена агресија врз Украина“ истакна Пенадровски, замолувајќи ја амбасадорката Агелер да го пренесе неговиот поздрав до претседателот на САД  Џозеф Бајден, со желба за негово добро здравје и успех во извршувањето на неговата исклучително важна улога во зачувувањето на мирот и безбедноста во светот.

„Соединетите Американски Држави, Амбасадата и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани“ кажа Агелер.

Укажа дека Европа се соочува со најголемата закана, каква не е видена со генерации, а Северна Македонија, како сигурен, активен сојузник во НАТО, придонесува за безбедноста и стабилноста во Европа, пренесува МИА.

Next Post

Ангелов: Има благ тренд на зголемување на нападите од бездомни кучиња врз луѓе, треба да се работи на нивна масовна стерилизација

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk