ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Денешните закани за бомби во девет училишта се лажни, утврди МВР

November 9, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи информира дека по направените проверки во средните училишта утврдено е дека денешните закани за бомби се лажни. Во текот на денешниот ден добиени се пријави за поставени бомби во девет училишта.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во информацијата од МВР објавена на Фејсбук.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во тек е обемна истрага која се одвива во неколку правци и во која се вклучени Агенцијата за национална безбедност, Одделението за антитероризам и странски партнери.

Спасовски посочи дека знаат од каде доаѓаат мејловите и дека се работи за хибридни напади не само во нашата земја, туку и пошироко.

Ова се класични хибридни напади не само кај нас, туку и во целиот регион. Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем, рече Спасовски за „Слободен печат ТВ“.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање по новите дојави за бомби во средните училишта, оцени дека дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади и дека не случајно таргет се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца.

Next Post

Руски фалсификати со низок квалитет: Разоткриени лажните графити и насловни страни со Зеленски

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk