ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Институциите штедат, но како да заштедат струја граѓаните?

November 9, 2022 15:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕСМ вчера произведе 10.542 мегават часови електрична енергија од кои во Термоелектраните произведени се 7.919 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.623 мегават часови и  целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Мерките за штедење коишто почнаа да се применуваат во државните институции во Северна Македонија од 1 септември вродија со заштеда на електрична енергија од 20 проценти според последниот извештај на министерството за економија.

И советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов граѓаните и институците за сега добро штедат струја. Тој исто така порача, граѓаните да бидат спокојни, финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, а струја ќе има за сите во текот на зимата.

Исто така ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови заклучно со октомври.

Доаѓаат студени денови, треба да се штеди

Сепак  доаѓаат постудени денови неопходно е да ги вложиме сите максимални напори за штедење на електрична енергија.

Според последниот извештај објавен во септември, државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за органот кој ја раководи институцијата, предвидени со посебна Одлука на Влада.

Владата на пример во септември 2022 во споредба со септември 2021 година заштедила 27 отсто кај потрошувачката. Големи заштеди на енергија кај министерствата има и кај Министерството за транспорт и врски од 43 отсто, но и кај ЕЛЕМ од 41 отсто. Собранието на РСМ заштедило за 29 отсто во септември во споредба со септември 2021 година, додека судовите заштедиле 35 отсто во септември 2022 во однос на септември 2022 година, а кај Кабинетот на Претседателот на РСМ заштедата е 17 отсто во споредба со септември 2021 година.

Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември 2022 година. Сепак, во септември 2022 година 25 општини не постигнале заштеда од 15 отсто. Најмногу отстапуваат Општина Арачиново, Општина Гостивар и Општина Свети Николе.

Како да заштедат домаќинствата?

Стручњаците постојано укажуваат дека во Македонија електричната енергија не се троши рационално и дека кога граѓаните би се придржувале на советите ќе можат да ги преполоват сметките за електрична енергија. Од друга страна пак, граѓаните главно се убедени дека сериозно внимаваат на потрошувачката, но немоќни се да остварат каква било заштеда. Ова се најзначајните совети за заштеда на електричната енергија во домаќинствата кои за ЦИВИЛ медиа ги споделија експертите кои се спроведуваат и на светско ниво.

– фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;

– современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;

– со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;

– секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;

– компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;

-машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;

– бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;

– во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;

– жаречките светилки да се заменат со штедливи;

-клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до 15 степени;

– во зимскиот период треба да се избегнуваат електричните греалки за догревање. Поисплатливо е користењето на ТА печки.

– тешките и долги завеси ги покриваат радијаторите и го оневозможуваат циркулирањето на воздухот.

Стручњаците тврдат дека со придржување кон овие правила секој дом може да заштеди и до 50% електрична енергија.

С.Танеска / Цивил Медиа

Next Post

Презентирана новата земјоделска веб - платформа „Национална рурална мрежа“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk