ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни – од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното

November 10, 2022 14:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното.

Граѓаните да бидат спокојни, порача Бектеши, зашто до крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија.

“Граѓаните да бидат спокојни. До крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдување со топлинска и со електрична енергија. Нема да има ниту драстично зголемување на цените од 1 јануари и за парното и за струјата зашто ги правиме соодветните анализи и проекции. Веќе РКЕ е подготвена со сите податоци за утврдување на цената за наредните шест месеци од идната година. Значи, до крајот на декември ќе го завршат овој процес и очекуваме да нема драстично зголемување. Поместувања секогаш се очекува да има, но тие се прават и во надолна и во нагорна линија. Треба да ги имате предвид двете опции, а дали ќе биде надолу или нагоре ќе одлучи РКЕ, а поместувањето може да биде и надолу“ истакна Бектеши, одговорајќи на прашања по брифингот со новинарите.

Во врска со резервите на дизел горивото, министерот рече дека тоа се класифицирани информации кои се разгледуваат на затворена владина седница и не може да бидат јавно соопштени.

„Тоа се класифицирани информации и се разгледуваат само на затворени владини седници, а пристап до нив има само некој што поседува сертификат. Тоа не сум го одлучил јас, такви се законите. Не можам да споделам информации што се разгледуваат на затворена владина седница. ЕСМ не се крсти во тие резерви. Согласно Законот за енергетика секоја секоја топлана па и ТЕ-ТО треба да има алтернативно гориво. Моментно топланите работат на природен гас, потребите главно се покриваат од ТЕ-ТО, околу 70 отсто за градот Скопје, а другите 30 до 40 отсто се покриваат од топланите Исток и Запад. Скопјани ќе бидат снабдувани со топлинска енергија непречно, во континуитет, до крајот на грејната сезона“ подвлече Бектеши.

Next Post

Европарламентот бара европска стратегија за видео игрите и тие да се сметаат за културно наследство

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk