ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026 15:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Википедија

Фото: Википедија

Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Мазут“, кој со месеци ја бранува јавноста како наводен мега-скандал, се соочува со сериозни правни и економски нелогичности, пишува ЦивилМедиа. Откако првичниот притисок стивна, премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, порача дека случајот се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството. Притоа, тој нагласи дека нема дополнително да коментира за да не се сфати тоа како влијание врз постапката, оставајќи на судовите комплетно да го разрешат случајот.

Овој поумерен став на извршната власт доаѓа во време кога правните експерти и економските податоци целосно го деконструираат темелот на обвинувањата.

Правни апсурди: Произволни обвинувања и непостоечка штета

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“, гостувајќи во емисијата „Трилинг“, го оцени предметот како крајно нејасен и со очигледни политички импликации, при што притисокот од власта е отворен и нескриен. Според него, тврдењата одат во крајности, а кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) изобилува со нејаснотии, особено во делот на дефинирањето на штетата и обвинувањата за перење пари.

„За волја на вистината, и покрај секојдневното експонирање на случајот, воопшто не е јасно во што се состои криминалот и која е вистинската штета. Јавното обвинителство веќе некое време оди по некоја чудна логика што кај јавните набавки како штета ја зема целокупната сума на јавната набавка, а не вистинската штета. На ова се додава и обвинение за перење пари кое е сосема нејасно и произволно“, објаснува Калајџиев во „Трилинг“, како што пренесе Нова.

Наспроти тврдењата на МВР дека компанијата претрпела загуба од 167 милиони евра, претставниците на АД ЕСМ пред јавниот обвинител јасно изјавија дека штета нема. Ова создава дополнителен правен парадокс откако компанијата најави дека ќе се жали до Вишото јавно обвинителство на одлуката за затворање на истрагата. Професорот Калајџиев се прашува како е тоа воопшто можно:

„Правно гледано, компанијата го губи правото што го имала како потенцијален оштетен. Според нашиот правен систем, ако оштетениот се откаже од правото на имотно-правно побарување, постапката за штета се запира.“

Економската реалност: Профит, а не колапс

Официјалните извештаи ја сликаат сосема спротивната ситуација од онаа во кривичната пријава. За време на енергетската криза (периодот од 2021 до 2023 година кој е под истрага), ТЕЦ Неготино беше реактивирана по повеќегодишна пауза. Во 2022 година, државната централа оствари историски рекорден профит од приближно 2,25 милијарди денари (околу 36,5 милиони евра), благодарение на зголеменото производство на струја за регулираниот пазар.

Дополнително, анализите на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) потврдуваат дека доколку државата тогаш правела увоз на струја по берзански цени, тоа би чинело околу 880 милиони евра, наспроти набавката на мазутот која чинела 167 милиони евра. Сите овие финансиски резултати се јавно достапни и проверливи на веб-страниците на ЕСМ и Македонската Берза.

Што стои за случајот: Како истрагата прерасна во институционален судир

Случајот „Мазут“ започна во март 2025 година, кога Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по иницијатива на Антикорупциската комисија, отвори истрага против 13 физички и едно правно лицеНа почетокот на случајот, во фокусот беа актуелниот директор на ЕСМ Лазо Узунчев, поранешниот директор Васко Ковачевски, сопствениците на РКМ Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и Асмир Јахоски, како што рекапитулира Љубомир Костовски во ЦИВИЛ Медиа објавен на 14 мај, каде што се осврнува и на „валканата медиумска совест“ во овој случај.

Истрагата требаше да биде доказ за борба против корупцијата, но се претвори во симбол на институционални судири. По повеќе од една година, ОЈО ГОКК ја затвори постапката поради недостаток на докази за кривично дело и неутврдена штета.

Клучниот момент за падот на истрагата се случи на 4 март 2026 година. Тогаш претставници на АД ЕСМ дадоа искази дека компанијата имала корист од набавките бидејќи биле избегнати рестрикции на струја. Обвинителката Катерина Коларевиќ тогаш децидно порача дека обвинение не може да се гради врз политички очекувања ако нема материјални докази.

Иако сега премиерот Мицкоски смирува топката од собраниската говорница, првичната реакција на затворањето на истрагата беше бурна. Премиерот и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изразија јавен шок, а Мицкоски дури и телефонски разговараше со државниот обвинител Ненад Савески, потег кој и тогаш беше оценет како проблематичен за независноста на правосудството.

Денес, случајот „Мазут“ само ја надополнува пошироката слика на недоверба во институциите. Во јавноста сè погласно се поставува прашањето дали постои вистинска политичка волја за расчистување со криминалот, особено во контекст на серијата скандали каде високи функционери добиваат спогодби (како признанијата на Иџет Мемети и Наке Георгиев), додека големите помпезни истраги завршуваат во меѓусебни институционални препукувања каде што никој на крајот не одговара.

Преземено од Цивил Медиа/Д. Муратов

Next Post

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk