ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

(ВИДЕО) Пендаровски: Слободните и независни медиуми се столб на демократијата и предуслов за инклузивен развој на општеството

November 10, 2022 12:25
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободните и независни медиуми се столб на демократијата и предуслов за инклузивен развој на општеството, со големо влијание врз граѓаните и со уште поголема одговорност кон јавноста. Растечката употреба на интернетот и на дигиталните медиуми, придонесуваат за менување и на аудиовизуелните навики на луѓето. Брзото ширење на информациите и дезинформациите преку интернет платформите, поттикнува сосема нови трендови во информирањето и кај традиционалните медиуми, што, за жал, придонесува сензационализмот и површноста, често да имаат предност пред истражувачкото новинарство и дистрибуцијата на точни и релевантни информации, истакна во пораката до Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми, претседателот Стево Пендаровски.

„Сѐ повеќе расте потребата од независни и одговорни регулаторни тела кои имаат значајна улога во промоцијата и одржувањето на слободата на изразување, почитувањето на различноста и заштитата на маргинализираните групи во медиумското известување, унапредување на медиумскиот плурализам и професионалните новинарски стандарди, понатаму, во заштита на малолетната публика, и на крај, се разбира, не и најмалку битно, во напорите за поголема медиумска писменост и борба против пропагандата и погрешните информации и сите нивни подвидови, од дезинформациите до мисинформациите и малинформациите“, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека со отворањето на нашите преговори за членство во ЕУ, се отвораат и нови обврски и предизвици пред Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Ќе биде потребно усогласување на националното законодавство со европската легислатива, вклучувајќи ги и законите од областа на медиумите, поточно, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со изменетата Директива за аудиовизуелни услуги на ЕУ и со актите поврзани со медиумската сфера, рече Пендаровски.

„Во изминативе неколку извештаи Европската Комисија го нотира подобрувањето во медиумската сфера и проактивниот пристап на регулаторот за медиуми во поттикнување на медиумскиот плурализам, посветеноста на унапредување на професионалните новинарски стандарди и промовирање на медиумската писменост. Имајќи ја во предвид нужноста ваквите трендови да продолжат, треба да се работи на интензивирање на медиумските реформи, но и на обезбедување на независноста и финансиската стабилност на јавниот радиодифузен сервис и регулаторот за медиуми, што вклучува, меѓу останатото, и префрлање на буџетски пропишаните средства за развој на радиодифузната дејност“, истакна Пендаровски.

Претседателот вели дека сето ова е значајно за напредокот во медиумската сфера и за достигнување на европските стандарди во слободата на изразување и информирање, што се заедно влијае врз севкупниот демократски развој на државите.

„Оттука, ги поздравувам вашите напори за  продлабочување на регионалната соработка за размена на искуства со земјите од регионот – со земјите кои се веќе членки на ЕУ и ги имаат усогласено своите национални законодавства, со земјите кои преговараат за членство, како и со земјите кои имаат такви аспирации, а сѐ уште не ги започнале преговорите. Подобрата соработка меѓу нас ќе значи и зацврстување на европската перспектива на регионот, а тоа претставува основа за поефикасно заедничко решавање на проблемите со кои сите ние се соочуваме“, потенцира претседателот Пендаровски.

Ј. Ѓ.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на портпаролите на Владата и соработникот за енергетика Андонов

Shortcut

Најново

Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk