Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Јосифово, Валандово ја посети млекарницата „Вардарец.
„Посебно се радувам што со ИПАРД програмата, „Вардарец“ имаат долгорочна развојна цел и лани овде во индустриската зона во Јосифово го отовориле овој нов погон каде се произведуваат разновидни млечни производи. Ова е уште еден показател дека со помош на европски фондови нашите домашни компании може да го унапредат и развијат сопственото производство. „Вардарец“ е одличен пример за придобивките од ИПАРД и за поддршката што ни ја дава Европската Унија. Со помош на финансиска поддршка за земјоделците, „Вардарец“ користи и субвенции за сопствено производство на земјоделски производи. “ истакна премиерот при посетата.
„Живееме во времиња полни со предизвици, времиња кои бараат брза адаптација и реакција. Јас сум одговорен човек, Владата која ја предводам умее и да интервенира каде и како треба, но во исто време одговорно управуваме со јавните финансии.
Затоа и донесовме пакет мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза.
Периодот очекувам стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, затоа им помогнавме на компаниите и со последниот пакет антикризни мерки производителите на прехранбени производи, ќе можат да склучуваат договори со „ЕСМ Продажба“, за да користат поевтина струја.“ нагласи премиерот Ковачевски.





