Младите од регионот стојат позади ставот „Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот“. Со овој став на младите ќе започне меѓународната конференција „ОБЈЕКТИВОТ НА МЛАДИТЕ ЗА МИР И ПОМИРУВАЊЕ“ што ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември 2022 година во Охрид, Северна Македонија.
Конференцијата е клучен настан на проектот „Резилиентен мир – глас за младите“ чија цел е да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт.
Младински сојуз – Крушево, заедно со своите партнери, се залага за социјално кохезивни општества насочено кон младите и градење резилинтност за идни конфликти во регионот и Европа. На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), и истите ќе дискутираат и разменат своите ставови со амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер, чија посета ќе биде на 14ти Ноември (Понеделник) од 10.30 до 12.00 часот , се наведува во соопштението.
Конференцијата е организирана од страна на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија.











































































































