ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишани договори за 29 развојни проекти во осумте плански региони со вкупна вредност од над 422 милиони денари

November 11, 2022 18:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи денеска присуствуваа на потпишувањето на договорите за реализација на проектите за развој на планските региони со средства обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година.

Програмата, како што соопшти владината прес-служба, предвидува реализација на 29 развојни проекти во осумте плански региони на Република Северна Македонија, во вкупен износ од над 422 милиони денари.

Во пресрет на потпишувањето на договорите, вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што се пристапува кон финализирање на Одлуката на Владата за финансирање на проектите за развој на планските региони за 2022 година. „Целта е развој на нашата земја и се надевам дека овие средства, кои денес ќе бидат распределени за секој поединечен проект, ќе бидат максимално, одговорно и свесно искористени,“ истакна Битиќи. Тој им посака успех на носителите на проектите и изрази уверување дека Бирото за регионален развој доследно ќе го следи процесот на нивна реализација.

Концептот на рамномерен регионален развој предвидува континуирана финансиска поддршка од страна на државата и висок степен на координација помеѓу министерствата, донаторите и засегнатите страни на регионално и на локално ниво.

-Политиката за рамномерен регионален развој е високо позиционирана меѓу приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а нејзината цел е подобрување на благосостојбата на регионите, намалување на регионалните нерамномерности и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Next Post

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Мундијалот во Полска

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk