ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

(РЕПРИНТ) Портретот на Ники Д Греј (т)

Потсетник на „неподносливата леснотија“ на трошењето народни пари

November 11, 2022 14:13
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

„Човекот е најмалку свој кога зборува во свое име, дајте му маска и ќе ви ја каже вистината“ додека твојата совест не ја уништиш се ќе се одразува на портретот, ќе старее ќе бледее сиот грев ќе оди на неа…..

Мирис на пороен париски дожд, се туткам под неисправен чадор, прерипувам успешно неколку вирчиња, и погледот вџашен ми се задржува кон излог на една галерија. Зјапа во мене, продорно поглед на извесна малтешка пудла, сликана прилично умешно и со многу квалитетни маслени бои. Ми се растеруваат во истиот миг сите занесни романтични чувства на единственото доживување, (II, pleure dans mon coeur ) , и не можам да се изначудам дека во галеријава висат уште неколку портрети на кучиња, некои чист реализам, некои очигледно стилизирани, работени со поголема доза на авторска слобода. Ништо, влегувам внатре таман да се засолнам од дождов што веќе не ми убав како пред средбата со портретиве, и така љубезно прашувам, кои се што се.

Се разбира, добивам експлицитен одговор со сите детали. Продавачот на висина на задачата, исто колку и кустос во Лувр. И прв пат во живот, дознавам дека редово се  практикува сопствениците на миленичиња да нарачуваат портретирање на нивните љубени кучиња и мачиња. Така внесено ова ми го елаборира младиот продавач, страсно и издржано, што единствено можев да се заблагодарам, да си заминам и да ги истрчам мокрите пасажи. Бев поразена прво заради фактот што ова досега не го знаев, второ што ми изгледаше глупаво некој да плати неколку илјади евра за портрет на миленик, и трето дека не ми текнало никогаш дека така можам да заработувам, дури и со скромните цртачки вештини.

Никој не е затечен од прастарата исконска желба, да се овековечи некој индивидуален, колективен семеен историски миг, со четка и боја. Да се стави во скапа рамка и делото да заврши на ѕид, во музеј или едноставно во некој подрум. Зависно од тоа кој ќе го стави потписот тоа толку и ќе биде вреднувано, мотивот на сликата е секогаш секундарен.

Сосема е разбирливо некој своите пари да ги потроши на портретирање на сопствената веце школка, ако тоа му се допаѓа.

Но, зошто некој политичар, би сметал дека единствено ликот на неговиот портрет треба да биде поголем од оние протоколарните димензии на своите колеги или пак би сметал дека неговото семејство и неговите блиски сопартијци, треба задолжително да бидат портретирани притоа платени од парите на својот народ, е навистина зачудувачки.

Тоа за големината на ликот на Ники, не е многу чудно, веројатно морал некако да ги компензира физичките слабости, за кои најмалку му забележува неговиот народ. Морбидна е нарцисоидноста да се креираат слики по нарачка во кои овие службеници на народот се истопорени како најзаслужни историски позери кои оваа земја некогаш ги имала.

Тендерот што оваа голема задача пресудил да им ја довери на некои сликари, со вакво искуство, слично како и на оние фотографи што работат свадби и свечености, сигурно им е совршено се едно, дали невестата, зетот кумот и баџанакот се можеби пијани или размачкани, нивно е да ја завршат работата. Се чудам само како немало и тендер за сликање на нивниот добиток, што секако го имаат во родните села, барем на овците, тоа би личело на некоја пасторална уметност и може да најде примена на различни ѕидови па и изложби. Можеби не стигнаа, било во план, „тендер за сликање на овците на партијата“ зошто па да не, нема таму ни многу работа, сите се исти.

 

Прескапо не чинат сите лудости на Ники, портретите се можеби и најевтини, добро е што застана и не направи споменик кој можеби ќе беше качен врз ГТЦ, највисок и најголем во античко-барокен стил, да се чуди цел свет, сите историчари на уметност да го анализираат и да докторираат на него. Туку, што ќе прави со портретот сега? Ќе го заклучи во плакар, во темница, да го чува гревот и никогаш да не остари?

Нема бегање од гревот, така барем вика Оскар Вајлд. Ќе сведочи тој, ќе се излупи, ќе се размешаат боите. Мене од „Портретот на Дорјан Греј“ уште посоодветна ми станува „Од длабочините“ е таа Вајлд ја пишувал во затвор. Бил осуден за грев што го немал, за искреноста и гревот на Ники, ќе видиме. Ќе излезе портретот од стариот мувлосан плакар, и којзне дали и Рембрант ќе може да го среди…?

Колумната е објавена во порталот Локално на 17.06.2017 година

Next Post

Мирза Буљубашиќ: Mалигниот дух на минатото

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk