ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката

November 16, 2022 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија пунктовите.

Годинашната реколта е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна.

Тутунарите се на вагите и велат дека проценката е реална, но цените не ги покриваат трошоците и покрај тоа што се за 20 отсто зголемени.

– Денеска предадов 230 килограми тутун, од сите берби. Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од откупната цена по класи. Според трошоците, вложениот труд и знаењето, просекот не треба да биде под 400 денари за килограм. Намалени се количествата тутун годинава. Главно, тоа е поради цената, за младите не е исплатливо да го работат, аргати се пензионери и доколку не се подобри цената, ќе продолжи трендот на намалување на производството, изјави Звонко Ристески, производител од Прилеп.

Сејбие Салиоска, тутунопроизводител од Прилеп, има четири декари тутун со род од околу 800 килограми.

-За проценка донесовме 40 картони со тутун.  Добро е, нема проблем, добро поминува прва и втора класа, рече Салиоска која ги предава количините во градскиот откупен пункт во прилепскиот Тутунски комбинат.

И Миле Спиркоски, производител од Прилеп, нема забелешка на проценката.

– Имам насадено 2,5 декари, еве првиот тутун на проценката добро помина, во втора класа, истакна Спиркоски.

Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат, Кире Станкоски нагласува дека Комбинатот е подготвен да ги преземе сите договорени количини тутун и веднаш да ги плати. Отворени се 20 пунктови во градот и населените места.

-Тутунскиот комбинат е целосно подготвен за почетокот на откупот. Почнуваме на сите пунктови во градот и во населените места. Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги.  Имаме околу 4 000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за догодина ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот, изјави Станкоски.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија смета дека откупувачите брзаат да го преземат родот зашто е помалку и квалитетен. Добро е што се зголемени цените што, реално, колку-толку ќе ги амортизираат трошоците.

– Компаниите брзаат да го почнат откупот уште во предвремениот рок зашто помалку е род и сакаат да го преземат. Годинава ќе имаме род иако нешто повеќе од лани но околу 19 000 тони. Очекуваме добра проценка на вагите. Сите фирми ги зголемија цените за 20 насто и потпишаа анекси и очекуваме дека годинава добро ќе биде проценет нашиот род. Ако дојде и до повисоки цени, тоа е добро за нас во оваа криза. Реално, и овие цени не се доволни според трошоците. Но малку од малку ќе се ублажат трошоците, рече Стомнароски.

По класи, зголемувањето е: за прва од 280 на 300 денари за килограм, за втора од 200 на 240, за трета од 150 на 180 денари и за четврта од 85 на 100 денари за килограм тутун.

Сојузот очекува до петок да се отворат сите 223 ваги, а повереници има на сите ваги. Инспекторатот, пак, смета дека ќе помине повеќе време.

Според директорот на Државниот земјоделски инспекторат Јане Станкоски, од 10-те регистрирани откупувачи, осум ги исполниле критериумите за почеток на откупот.

– Во земјава се 10 регистрирани откупувачи. Динамиката на откупот до инспекторатот ја доставија осум од десетте регистрирани откупувачи. Направени се инспекциските надзори, ги исполнуваат условите. Со откуп почнаа четири компании, вчера „Сокотаб“, денеска уште три компании. Не очекуваме проблеми во текот на откупната кампања и се надеваме на добар откуп. Постојано сме на терен во сите региони и секаде е истакнат бројот на инспекторатот и за секој случај сме подготвени да реагираме, изјави Јане Станкоски.

Крајниот рок да почне откупот на тутунот е 15 декември. 

Next Post

Ковачевски - Бун: Франција е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk