ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Маричиќ денес продолжува со панел дискусиите посветени на Кластерите 4 и 5

November 17, 2022 10:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес ќе ја отвори втората панел-дискусија во рамки на настанот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“, посветена на Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, информираат од СЕП.

Темата на двете панел дискусии е: „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“, каде панелистите ќе говорат за напредокот и предизвиците во кластерите 4 и 5, напредокот кој е постигнат, надминувањето на нотираните слабости во насока на хармонизација и усвојување на европското законодавство и предизвиците кои ни претстојат, бидејќи полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес и дека треба да се работи заеднички и посветено во процесот.

Во рамки на првата сесија посветена на кластер 4, панелисти ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање и координатор на Кластер 4, Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Олимпија Х. Заевска, предавач на Школа за Бизнис на Копенхаген, градоначалникот на општина Валандово и член на управен одбор на ЗЕЛС Перо Костадинов и директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски.

На втората сесија посветена на кластер 5 за ресурси, земјоделство и кохезија, ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – ИПАРД, Никица Бачовски, Орхидеја Каљошевска од Инвестициска рамка за Западен Балкан, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и претседателот на ГО „Рурална мрежа“ Петар Ѓоргиевски.

Ова е втора панел-дискусија, првата беше одржана минатион месец, на тема: „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните“, посветена на кластерите 1 и 6, односно „Фундаментални вредности“ и „Надворешни односи“ а следниот месец ќе следи и третата за Кластерите 2 и 3, односно „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“.

Секретаријатот за европски прашања со поддршка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, организира серија панел дискусии под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“.

Next Post

Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk