ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска – Аџиќ: Заедничка посветеност на регионалната безбедност, продолжуваме со интензивна одбранбена соработка

November 17, 2022 11:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го прими министерот за внатрешни работи и вршител на должноста министер за одбрана на Црна Гора, Филип Аџиќ, со кого разговараше за безбедносната состојба во регионот, како и за интензивирање на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, како две сојузнички земји во Алијансата.

„Северна Македонија и Црна Гора како членки на НАТО имаат одговорност и обврска да ги штитат мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Најдобар одговор на безбедносната нестабилност предизвикана од руската агресија врз Украина е уште посилната и посеопфатна одбранбена соработка која придонесува за зголемување на капацитетите на двете Армии и зајакнување на интероперабилноста со сојузниците“, истакна министерката на средбата.

Двајцата министри се заложија за продолжување на соработката во доменот на школувањето и обуките.  Министерот Аџиќ, пак, се заблагодари за можноста за обука на припадниците на Војската на Црна Гора на армискиот полигон „Криволак“.

Министрите се осврнаа и на справувањето со хибридните и сајбер закани, особено имајќи предвид дека сме сведоци дека цел на напади се и држави од регионот, земји членки на НАТО. Петровска и Аџиќ се согласија дека остануваат посветени на развојот на билатералната одбранбена соработка и дека и двете земји како НАТО – членки, претставуваат столб на безбедноста во регионот.

На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се школуваат и питомци од Црна Гора, што е доказ за нејзиниот квалитет и приказ на доверба од Црна Гора дека Воената академија продуцира офицери со воени и лидерски вештини. Во моментов на Академијата се школуваат 15 питомци од Црна Гора.

Северна Македонија и Црна Гора во областа на одбраната соработуваат од 2007 година, кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Планот за билатерална соработка за 2022 година предвидува 17 заеднички активности, од кои 11 се во Северна Македонија, а 6 во Црна Гора. Во овој план се опфатени средби на највисоко ниво, билатерални консултации, експертски разговори во одбранбената политика, набавките и модернизацијата, како и школувањето на питомци на Воената академија.

Next Post

Вежба на специјалната единица „Тигар“ во Охрид

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk