Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, објави вчера вечерта претседателот на Украина, Володимир Зеленски, додека украинската армија објави дека енергетската инфраструктура на земјата е под постојани руски напади.
Bombed and without power, Kiev has first snow of the season https://t.co/fNsssgDLNo
— XETO OFFICIAL (@official_xeto) November 17, 2022
Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци се без струја, особено во регионот на Кијив, рече украинскиот претседател во своето секојдневно обраќање.
Во Кијив падна првиот снег и службите се обидуваат да ја вратат струјата низ целата земја, откако Русија на почетокот на оваа недела го изврши, според Украинците, најтешкото бомбардирање на цивилната инфраструктура од почетокот на војната.
Извор: Бриф