ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Пендаровски најмалку може да зборува за студентските домови бидејќи не престојувал во нив

November 19, 2022 10:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски вчера во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите. Тој рече дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија

Дел од студентските домови се наоѓаат во добра состојба. Сепак, со министерот за образование Јетон Шаќири разговаравме за тоа оние студентски домови што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, што ќе опфаќа комплетно реновирање на санитарните чворови, и на се она што е потребно да се реновира, изјави премиерот Димитар Ковачевско одговорајќи на прашање на МИА во врска со неговиот став за студентските домови по денешниот увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид.

(ФОТО) Ковачевски очекува градежните работи на патот Кичево-Охрид целосно да завршат до крајот на идната година

Тој напомена дека во добра состојба е студентскиот дом „Гоце Делчев“, во чие што реновирање и во чија што дигитализација, како што рече, лично учествувал од позиција на една од неговите претходни работни места.

„А дали јас би го пуштил моето дете во Студентски дом – да, би го пуштил детето во Студентски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија кои секојдневно патуваат од други градови и се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достојни граѓани, а ја немаат привилегијата мама и тато да им готват трипати на ден топол оброк, и за време на паузите да сеат во топла соба“, одговори Ковачевски.

Според премиерот, студентски стандард не значи само студентски оброк.

„Во студентски стандард спаѓаат стипендиите за добрите ученици од средните училишта, кои немаат доволно финансиски средства да студираат, и токму затоа ги изедначивме стипендиите. Студентскиот оброк пак, е воведен токму од оваа Влада. Ние студентите мора да ги почитуваме бидејќи тие се иднината за државата“, појасни Ковачевски.

Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот, ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.

„Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје. Предавањата и вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите, одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто, кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев, кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно, а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес, тогаш одите во Студентски дом. Така што, јас можам да зборувам“, рече премиерот.

Претседателот Стево Пендаровски вчера во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите. Тој рече дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

„Јас живеам на 100-тина метри од студентскиот дом Стив Наумов. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, изјави претседателот.

 

Извор: 360степени

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk